09/11/2007
Американската амбасадорка во НАТО, Викторија Нуланд, ја пофали македонската полиција за нејзината операција против милитантната група претходно оваа недела. Таа, исто така, й препорача на земјата да продолжи со реформите потребни за евроатланска интеграција.
Од Димитар Боцевски и Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје -- 09/11/07
![]() Американската амбасадорка во НАТО, Викторија Нуланд (лево), во четвртокот (8-ми ноември) во Скопје се состана со премиерот Никола Груевски. [Toмислав Георгиев] |
Американската амбасадорка во НАТО, Викторија Нуланд, која во четвртокот (8-ми ноември) беше во посета на Скопје, ја пофали полициската операција против милитантната група на етничките Албанци во средата.
„Бевме информирани за операцијата. Особено сме импресионирани од фактот што мултиетничките полициски сили ги извршија задачите“, рече таа по состанокот со премиерот Никола Груевски и другите официјални претставници.
Полициската операција, наречена Планинска бура, започна во средата во селото Бродец, а целта беше апсење на криминалната група од 30 до 50 лица, предводени од Рамадан Шити и Лирим Јакупи - Нацист. Околу 250 припадници на Единицата за специјални задачи и Специјалната единица за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи, влегоа во селото, додека помала група од 50 припадници на Специјалните сили, беше позиционирана на македонско-косовската граница.
Беа испратени два полициски хеликоптери во воздушна извидница, а според весникот <i>Време</i.>, три армиски хеликоптери „Ми-24“ обезбедиле борбена воздушна поддршка.
Полицијата потврди дека шест лица загинале -- Рамадан Шити, Тидан Фејзулаху, Имер Гавази од Косово, Беким Мемети од Тетово и Ферад Сахими, Фисник Амети од Бродец. Тринаесет лица се уапсени -- сите етничките Албанци -- и против нив се покренати обвиненија за помагање на криминалци.
Jакупи, наводно, не бил во селото во времето на операцијата, но во тек е широка полициска потрага на Шар Планина за негово апсење, како и за апсење на малата група со него.
Акцијата се случи само еден ден пред Нуланд, која е на турнеја низ регионот, да пристигне во Скопје и да го пренесе повикот за повеќе реформи.
„Кога трчате маратон, не можете да се опуштите на последните две милји, туку со сета брзина треба да трчате до финишот. Времето е кусо, но ние сме уверени дека Македонија ќе успее“, им рече таа на официјалните претставници.
Таа ја пофали Македонија за постигнатиот економски напредок, привлекувањето странски инвестиции и зајакнувањето на напорите против корупцијата и организираниот криминал. Македонија е пример за мултиетничко демократско општество во регионот, рече Нуланд.
Но, таа, исто така, посочи дека реформите во судството и полицијата мора да продолжат. Таа ги повика политичките водачи да ги надминат преостанатите разлики и да воспостават конструктивен дијалог.
Конечно, таа ги повика Македонија и Грција да се вратат на преговарачката маса и да постигнат решение за нивниот неколкудецениски спор околу името.
Maкедонија, заедно со другите членки на Јадранската повелба, Албанија и Хрватска, се надева на покана за членство во НАТО во 2008 година.
„Мојот претседател сака да ве види во НАТО“, рече Нуланд за време на нејзиниот состанок со претседателот Бранко Црвенковски. „За жал, од трите кандидатки, во моментов вие сте на третото место.“
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's