Напната, кавгаџиска предизборна кампања започна во Хрватска

05/11/2007

Партиите ХДЗ и СДП се со толку мала разлика во битката, што некои говорат за можноста за широка коалиција.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб - 05/11/07

photo

Маж поминува покрај плакат на опозициската Хрватска народна партија во Загреб. [Getty Images]

Трката пред парламентарните избори на 25-ти ноември е мртва трка, според последните анкети на јавното мислење. Агенцијата „Пулс“ заклучува дека владејачката централнодесничарска Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и нејзиниот главен конкурент од левицата, Социјалдемократската партија (СДП), имаат по 30,3 отсто поддршка од гласачите.

Кампањата официјално започна во саботата (3-ти ноември), што беше крајниот рок за сите кандидати да ги поднесат нивните листи до Државната изборна комисија. Во текот на следните три недели, кандидатите ќе прават турнеја низ Хрватска, одржувајќи митинзи и повикувајќи ги гласачите да учествуваат.

Бидејќи трката е толку тесна, аналитичарите шпекулираат за можноста за коалиција ХДЗ-СДП, или т.н. коалиција „сино и црвено“. Истата би била прва за Хрватска.

Претседателот Стипе Месиќ беше прв што ја спомена оваа можност, велејќи дека во спротивно можно е на изборниот победник да му биде тешко да формира влада.

И да постои можност за широка коалиција, сега засега има малку знаци за нешто такво. Двете партии ја отфрлија идејата, и кампањата досега е остра. ХДЗ, на пример, користи билборди поделени во црвена боја (која ја претставува СДП) и сина (за ХДЗ). Сината страна го рекламира успехот на ХДЗ, додека на црвената страна се наоѓаат несмасните изјави на СДП, со кои партијата се противи на политиката на владејачката партија.

СДП, најпрво, се одлучи за висока нога, концентрирајќи се на својата платформа, наместо на нападите на ХДЗ. Сепак, партијата се разлути од тврдењата дека кандидатот на СДП, Љубо Јурчиќ, најпрво й ја дал својата поддршка на ХДЗ во замена за парламентарно место.

„Никогаш не сум се нудел на никого, па дури ни на ХДЗ“, инсистираше Јурчиќ.

Поврзани написи

Loading

Всушност, местото на заменик-министер за економија во владата на премиерот Иво Санадер му беше понудено на Јучиќ, кој беше член на владата во претходната администрација. Но, Јурчиќ го одби.

Ниту една од партиите не обелодени колку пари ќе потроши во кампањата, ниту, пак, ги откри имињата на главните донатори, но ветија дека ќе го направат тоа по изборите.

Според Државната изборна комисија, вкупно 3,585 лица се регистрирале како кандидати за парламентот, Саборот. Тие се на возраст помеѓу 18 и 89 години, а скоро 30 отсто од нив се жени.

Хрватска има десет изборни единици, при што секоја дава по 15 членови на парламентот. Дијаспората има 12 места, а националните малцинства 8. За да добие претставници во парламентот една партија мора да обезбеди повеќе од 5 отсто од гласовите.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар