31/10/2007
Повеќе од 200 претставници на различни религии усвоија декларација во која се обврзуваат дека ќе го унапредуваат меѓурелигискиот дијалог и ги осудија сите видови тероризам или верско насилство.
Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје -- 31/10/07
![]() „Оваа конференција ја истакнува потребата да се види местото на религијата во животот на луѓето“, рече поглаварот на Македонската православна црква, поглаварот Стефан. [Getty Images] |
Повеќе од 200 претставници на различни религии во неделата (28-ми октомври усвоија декларација во која повикуваат на подобрување на меѓурелигискиот дијалог, разбирањето и единството. Декларацијата беше потпишана на крајот од тридневната Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, што се одржа во Охрид.
Конференцијата, прва од ваков вид, ја организираше македонското Министерство за култура и Комисијата за односи меѓу верските заедници. Истата беше поддржана од УНЕСКО, Светската исламска лига и Светската конференција за религиите и мирот.
Разбирање на другите религии може да има само преку широка соработка, заснована на взаемна почит, се вели во декларацијата. Учесниците ја осудија секоја форма на тероризам и верско насилство.
„Претставниците на светските религиски заедници и групи, интелектуалците и претставниците на власта ќе зборуваат во еден глас и ќе испратат порака на толеранција од Охрид“, рече македонскиот премиер Никола Груевски.
Водачот на македонската исламска верска заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, рече дека прифањето на насилството и тероризмот произлегува од незнаењето или духовната инертност.
Промовирајќи го дијалогот помеѓу религиите, учесниците истовремено истакнаа дека религијата воопшто и понатаму има централна улога во различните цивилизации.
„Оваа конференција ја истакнува потребата да се види местото на религијата во животот на луѓето“, рече поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Стефан.
Според министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, конференцијата во Охрид беше успешна бидејќи беа присутни претставници на многу религии и бидејќи тие се вклучија во заеднички дијалог.
„Не се сомневам дека оваа конференција ќе има важна улога во охрабрувањето на политичарите да ги следат препораките и работата во духот на дијалогот и компромисот“, рече специјалниот претставник на ЕУ, Ерван Фуере, на собирот.
Претседателот на Генералното собрание на ОН, Срѓан Керим, исто така говореше на конференцијата. „Оваа светска конференција, што се одржува во охридското античко и духовно опкружување, ќе ги зголеми нашите напори за почитување на меѓусебните разлики и промовирање на културата на мирот“, рече тој.
Настанот беше во согласност со две иницијативи на ОН и УНЕСКО -- Деценијата на дијалог помеѓу цивилизациите и Деценијата на културата на мирот.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's