23/10/2007
Хрватите го прославуваат „најголемото постигнување на нивната земја од добивањето независност“.
Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб – 23/10/07
![]() Изборот беше „исклучително признание за Хрватска и за нејзината надворешна политика“, рече хрватскиот претседател Стипе Месиќ. [Getty Images] |
Хрватска доби непостојано место во Советот за безбедност на ОН за периодот 2008-2009 година, за време на гласањето на Генералното собрание минатата недела. Најголем противкандидат на земјата за местото, Чешка, ја повлече својата кандидатура во вториот круг, овозможувајќи й на Хрватска лесно освојување на потребното двотретинско мнозинство.
Коста Рика, Либија, Виетнам и Буркина Фасо, исто така, освоија непостојани места во Советот. Телото од 15 членови има само пет постојани членови, а двогодишниот мандат на новоизбраните непостојани членови почнува на 1-ви јануари.
„По меѓународното признавање на Република Хрватска и крајот на Татковинската војна, ова е најголемото постигнување од нашата независност“, рече премиерот Иво Санадер, враќајќи се од Њујорк по гласањето на 16-ти октомври.
Претседателот Стипе Месиќ одигра суштинска улога во процесот на лобирање, обновувајќи ги односите на Хрватска со африканските и азиските држави и членките на неврзаното движење, воспоставено со поранешна Југославија. Изборот беше „исклучително признание за Хрватска и нејзината надворешна политика“, рече претседателот.
За првпат од независноста досега, Хрватска сега има можност да одигра клучна улога во глобалните процеси на носење одлуки. За земја која не толку одамна се бореше да излезе од изолацијата и војната, местото во Советот за безбедност претставува уште еден добредојден знак за драстичниот напредок постигнат во последниве години.
Откако заврши славењето, хрватските власти почнаа со плановите за нивната агенда во Њујорк. Некои прашања претставуваат директен национален интерес -- на пример Трибуналот за воени злосторства на ОН во Хаг ќе биде редовна тема на агендата на Советот за безбедност во следните две години. Излезната стратегија за заокружување на работата на судот мора да биде финализирана.
Хрватска жестоко се противи на затворањето на Трибуналот пред двајцата главни бегалци обвинети за воени злосторства -- Радован Караџиќ и Ратко Младиќ -- да бидат изведени пред лицето на правдата. „Ние ќе бараме правда за сите жртви“, рече Санадер.
Во меѓувреме, тој истакна дека Хрватска нема да ја искористи својата позиција за да изврши притисок врз Словенија во врска со ривалските територијални барања на двете земја во Јадранското Море. Премиерот рече дека главната мисија на членството во Советот за Хрватска ќе биде промовирање на политичката стабилност во Југоисточна Европа -- со фокус на Косово и Босна и Херцеговина.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's