12/10/2007
Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција со која ја повикува Алијансата да отпочне разговори за членство со Албанија, Македонија и Хрватска во 2008 година, ако бидат исполнети потребните услови.
Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје – 12/10/07
![]() Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, рече дека проширувањето од Букурешт нема да биде последно за Алијансата. [Getty Images] |
Aлбанија, Хрватска и Македонија во вторникот (9-ти октомври) добија силен знак на поддршка, за нивните напори за влез во НАТО. На состанокот во Рејкјавик, Исланд, претставниците на националните парламенти на 26-те земји-членки на НАТО усвоија резолуција во која ги поддржуваат заложбите на земјите за влез.
На самитот во Букурешт во април 2008 година шефовите на држави и влади на НАТО треба да ги поканат на разговори „земјите-аспирантки за кои ќе биде оценето дека се подготвени и чиј пристап е проценето дека ќе ја зајакне безбедноста и стабилноста во евро-атланската област“, се вели во резолуцијата на Парламентарното собрание на НАТО.
Во неа се повикуваат земјите-членки на НАТО на активна кампања во нивните национални парламенти за ратификување на неопходните протоколи за договорите. Покрај тоа, резолуцијата повикува на континуирана политика на „отворени врати“ на НАТО и по самитот.
„Работиме напорно во контекст на Акциониот план за членство, за да им помогнеме на Албанија, Хрватска и Македонија во нивните подготовки за членство“, рече генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, на состанокот.
„Како и во претходните кругови на проширувањето, одлуката од Букурешт на крајот ќе биде политичка. Има јасна улога и вистинска одговорност за вас, парламентарците, во тој процес“, им рече тој на претставниците.
Тој изрази уверување дека одлуката за проширувањето во Букурешт нема да биде крај за проширувањето на НАТО и дека членките на Партнерството за мир може да се залагаат за полноправно членство во иднина.
Заедно со покажаната поддршка, Парламентарното собрание, исто така, ги повика Албанија, Хрватска и Македонија да ги интензивираат реформите во следните месеци.
Во извештајот на собраниската Поткомисија за идните безбедносни и одбранбени способности, се вели дека Албанија треба да продолжи со подобрувањето на владеењето на законот, реформата на своите одбранбени сили и борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Македонија покажа континуиран напредок во политичките, економските и одбранбените реформи, како и во зајакнувањето на владеењето на правото, се вели во извештајот. Хрватска не треба само да го одржи напредокот во реформите, туку и да работи на подобрување на поддршката за пристапот во НАТО помеѓу населението.
Според поткомисијата, напредокот во овие области ќе ги зајакне шансите трите земји да добијат покана во 2008 година. „Членството во НАТО нема само добро да ги зацврсти позициите на трите земји во евроатланската заедница, туку може да создаде и политички поттик за остатокот од регионот за засилување на реформите“, се вели во извештајот.
Трите земји добија пофалби за придонесот во операциите на НАТО, а највеќе за Меѓународните сили за помош во безбедноста, предводени од НАТО (ИСАФ) во Авганистан. Сите редовно учествуваат во воените вежба на НАТО и во сите нив одбранбените реформи беа фокусирани на одржувањето мали, професионални, модерни, лесни за распоредување сили, кои ќе може да функционираат во контекстот на НАТО.
Повеќето стандарди во одбранбените реформи што ги бара НАТО се исполнети, вклучително и составувањето документи за националните стратегии и правни рамки, како и реструктуирањето и намалувањето на силите.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's