Парламентарна расправија се претвори во тепачка во Македонија

27/09/2007

Македонскиот парламент во вторникот беше во хаос, кога вжештената вербална расправија помеѓу владејачките и опозициските партии ескалираше во тепачка. Најголемата партија на етничките Албанци, Демократската унија за интеграција, сега одбива да учествува во институцијата.

Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје - 27/09/07

photo

(Од лево) пратеникот на социјалдемократите, Никола Ќурчиев, и пратениците на ДУИ Рафиз Алити и Садула Дураку. [Toмислав Георгиев]

Долготрајниот период на политички тензии во македонскиот парламент во вторникот (25-ти септември) ескалираше со тепачката. Тоа се случи на крајот од вжештената седница во врска со измените на Изборниот законик. Претседателот Љубиша Георгиевски прогласи пауза по жестокиот вербален судир помеѓу водачот на Партијата за демократски просперитет (ПДП), Абдулади Вејсели, и членовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Веднаш потоа, Вејсели беше удрен од членот на ДУИ Садула Дураку.

ПДП, партија на етничките Албанци, е членка на владејачката коалиција на премиерот Никола Груевски. ДУИ е најголемата партија на етничките Албанци во земјата.

Мендух Тачи, претседателот на третата по големина партија на етничките Албанци, Демократската партија на Албанците, се појави за време на паузата. Заедно со неколку други членови на партијата, тој наводно ја нападнал членката на ДУИ, Теута Арифи, која побарала медицинска помош. Во меѓувреме во просториите на парламентот завладеа хаос. Новинар на А1 Телевизија доби шлаканица од обезбедувањето на ДУИ, а екипа на Телевизија АЛСАТ беше приведена додека ја снимаше интервенцијата на полицијата пред зградата на собранието.

Истата вечер, полицијата приведе девет лица кај кои беа пронајдени два пиштоли пред парламентот. Пиштоли, митралези и куршуми беа, исто така, пронајдени во автомобили.

Следниот ден, камерман на ТВ АЛСАТ беше претепан од полицијата на пат кон Тетово. Тој ја снимал полицијата кога запрела возило со двајца пратеници од ДУИ. Автомобилот со пратениците беше пуштен, но полицијата го нападна новинарот и му ја скрши камерата. Според Градската болница во Скопје, човекот имал две скршени ребра и контузии на грбот и градите.

ДУИ сега свика итен состанок и одлучи да го замрзне своето учество во работата на парламентот. Партијата, исто така, побара да се формира парламентарна комисија која ќе ги испита инцидентите. Опозициските социјалдемократи и либералдемократи повикаа на оставка на министерот за внатрешни работи, заменик-министерот за внатрешни работи и претседателот на парламентот.

Поврзани написи

Loading

Груевски ги осуди инцидентите и ги повика партиските водачи и пратениците да ги решат своите несогласувања на мирен и демократски начин. По состанокот со водачите на неколку партии тој рече дека прв приоритет е смирувањето на политичките тензии, по што треба да започне истрага.

Претседателката на социјалдемократите Радмила Шеќеринска рече дека состанокот со Груевски не дал резултати. Таа рече дека нејзината партија предупреди оти ситуацијата во парламентот оди кон ескалација и дека парламентарното мнозинство провоцира конфликт. Наместо да ги стави под контрола оние што се одговорни, Груевски едноставно им се повина, рече таа.

Настаните предизвикаа меѓународна осуда. ЕУ предупреди дека ситуацијата се одразува на имиџот на земјата и ја покажува потребата за подобрен политички дијалог. НАТО рече дека вербалното и физичко заплашување во институциите е неприфатливо, особено во време кога е на дофат договор за реформи.

ОБСЕ и Здружението на новинари на Македонија ги осуди нападите врз новинарите. Народниот правобранител започна истрага, а Министерството за внатрешни работи вети дека ќе спроведе внатрешна истрага.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар