Дилема на Албанија: Да се произведува енергија или да се заштитува животната средина?

25/09/2007

Албанскиот премиер Сали Бериша вели дека термоцентралите се најдобриот начин за задоволување на енергетските потреби на земјата. Но, плановите за изградба на ваков објект на главна туристичка дестинација, ги натера локалните жители да се побунат.

Ерлис Селимај за Southeast European Times во Тирана -- 25/09/07

photo

Aлбанија зависи од хидроцентралите за својата енергија. [AФП]

Во текот на изминатата деценија животот во Албанија беше сериозно погоден од недостатокот на енергија. Ова лето јавноста се соочи со прекини на струјата кои траеја и по 12 часа на ден, во шпицот на туристичката сезона.

Премиерот Сали Бериша вети дека ќе преземе дејства. Тој вели дека ниту увозот на енергија, ниту, пак, напорите за зачувување на енергијата, се доволни за решавање на проблемот, и дека мора да се изградат нови капацитети. „Мислам дека албанската влада треба да планира во својот буџет средства за нова термоцентрала секоја година“, рече тој.

Властите добија зелено светло за термоцентрала во југозападниот пристанишен град Валона. Сепак, иницијативата ги предизвика еколозите и локалните жители.

Лоцирана на јадранскиот брег, Валона е една од најпопуларните туристички дестинации во земјата. Прекрасните плажи и лагуни, како и античките и средновековните спомениви, ја прават привлечна патничка дестинација. Валона е, исто така, позната по својот биодиверзитет и своето вино, маслиново масло и риба.

Термоцентралата би била дел од индустрискиот парк што би покривал површина од 560 хектари, близу до неколку заштитени лагуни. Со оглед на тоа што целата површина на Валона е 1.120 хектари, а индустриската зона ќе биде лоцирана на 1,5 километри од центарот, во населена област, жителите се загрижени за евентуалните негативни последици врз социјалниот живот и врз туристичкиот потенцијал. Екологистите, пак, велат дека главната цел на проектот не е подобрување на енергетската ситуација дома, туку олеснување на извозот во странство.

„И покрај уверувањата на владата дека централата треба да обезбеди лек за сé поакутната ситуација со енергијата во Албанија, според некои индикации задоволувањето на потребата на Албанија за енергија, е само секундарна спрема извозот на електричната енергија на европскиот енергетски пазар, особено на италијанскиот пазар“, вели Александар Мита, претставник на Сојузот за заштита на заливот Валона.

Албанските власти и меѓународните финансиски институции велат дека ќе бидат преземени мерки за ограничување на негативното влијание, и дека фабриката ќе се придржува на еколошките стандарди на ЕУ.

Поврзани написи

Loading

Централата се очекува да има производствен капацитет од 97 мегавати. Трошоците за изградбата се проценуваат на околу 110 милиони евра. За покривање на трошоците, Американската енергетска корпорација ќе земе заем од 40 милиони евра од ЕБРД. Светската банка и Европската инвестициона банка, исто така, ќе покријат дел од трошоците.

Во моментов, Албанија може да исполни само половина од своите потреби за електрична енергија. Околу 90 отсто од нив се покриени со хидроенергијата, и ова генерирање зависи од временските услови. Покрај новите термоцентрали, владата сака да изгради и осум нови, помали хидроцентрали.

Бериша дојде на власт во 2004 година и едно од предизборните ветувања на неговата Демократска партија беше решавањето на енергетската криза. Сега, три години подоцна, Бериша вели дека силната суша го отежна неговото остварување.

„Не жалам што не ги исполнив ветувањата“, рече Бериша. „Ако не ја имавме оваа суша, ветувањата ќе беа исполнети. Албанците знаат дека никогаш не сме имале суша како оваа. Но, работиме на решавање на проблемот со финансирање на различни проекти од областа на енергијата.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар