Maкедонија го поздрави канадското признавање на нејзиното уставно име

21/09/2007

Одлуката на Канада да го користи уставното име на Македонија во билатералните врски со оваа балканска земја во четвртокот беше поздравено од Скопје, но не и од Грција, која се спротивставува на тоа нејзиниот сосед да се нарекува поинаку освен Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ).

(AФП, АП, Ројтерс, ДПА, Блумберг, Канадиан прес, МИА, Макфакс, МРТ, Балканска мрежа на истражувачко новинарство, Ксинхуа, Dnevnik.bg - 20/09/07)

photo

Грчкиот министер за надворешни работи, Дора Бакојани, се очекува да разговара со нејзиниот канадски колега и да го пренесе незадоволството на грчката влада. [Getty Images]

Македонските власти во четвртокот (20-ти септември) ја поздравија одлуката на Канада за признавање на нивната земја под нејзиното уставно име, Република Македонија, додека грчките власти ветија дека ќе протестираат на овој потег.

Името на Македонија е најспорното прашање во односите помеѓу Скопје и Атина. Грција инсистира на тоа дека нејзиниот сосед мора да се нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), име под кое беше примена во ОН во 1993 година.

И покрај тоа што меѓународните организации, вклучително и ЕУ и НАТО, го следат овој принцип, 117 земји во светот ја признаа оваа балканска нација под нејзиното уставно име. Помеѓу нив се: Бугарија, првата земја што ја призна Македонија како независна држава, сите поранешни југословенски републики, како и постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, Кина, Русија и САД.

Канада реши да се приклучи на групата во средата. Земјата ќе го користи уставното име на Македонија во билатералните односи со земјата, но, наводно, ќе продолжи да ја нарекува ПЈРМ во меѓународната комуникација.

„Информирани сме од страна на нашата амбасада дека Канада ја призна Македонија под нејзиното уставно име“, рече премиерот Никола Груевски во изјавата за Македонското радио во четвртокот. „Тоа е одлична вест за нас и ние го поздравуваме овој чекор.“

Но, Грција не се согласува. „Не сме задоволни од оваа одлука“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Јоргос Кумуцакос. „Природно е и стотиците илјадници Грци што живеат во Канада да бидат незадоволни од оваа одлука.“ Според извештајот на Ројтерс, реакцијата помеѓу некои членови на грчката дијаспора во Канада укажува дека Кумуцакос е во право.

„Грците [во Канада] се разочарани“ и планираат да протестираат на овој потег, Ројтерс го цитираше Џим Каријанис, член на парламентот со грчко потекло.

Поврзани написи

Loading

Грчкиот министер за надворешни работи, Дора Бакојани, се очекува да го покрене прашањето за време на нејзините разговори в недела со Метју Нимиц, посредникот на ОН во спорот околу името на Македонија, за време на нејзината посета на Њујорк за настанот спонзориран од ОН во врска со климатските промени.

Грција, која има провинција на север која се вика Македонија, изрази противење на тоа нејзиниот сосед да го користи тој збор во своето име, набргу откако земјата прогласи независност на крајот од 1991 година, стравувајќи од можни територијални претензии.

Во 1995 година двете земји потпишаа Привремена спогодба, ветувајќи дека ќе продолжат со напорите за решавање на прашањето, што й овозможи на Македонија да пристапи во голем број меѓународни организации освен ОН, како што се ОБСЕ и Советот на Европа, како ПЈРМ. Македонија е моментно официјален кандидат за членство во ЕУ, членка на програмата на НАТО Партнерство за мир и се надева дека ќе добие покана за членство во Алијансата следната година.

За време на кампањата пред парламентарните избори во неделата, грчкиот премиер Костас Караманлис посочи дека Атина ќе го блокира влезот на Скопје во ЕУ и НАТО додека не биде решен спорот со името.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар