13/09/2007
Фосилни остатоци на античка жирафа, антилопи, носорози, макародонт, мастодонти и други големи животни, беа пронајдени во село во источна Македонија.
Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје -- 13/09/07
![]() Остатоците датираат од пред пет до десет милиони години. [Toмислав Георгиев] |
Праисториската жирафа откриена во источна Македонија претходно ова лето е првата пронајдена во Европа, според палеонтолозите. Античкото животно беше помеѓу неколкуте фосилни остатоци што датираат од пред пет до десет милиони години.
Лоцирани надвор од селото Стамер, во близина на Делчево, фосилните остатоци сведочат дека антилопи, праисториски носорози, макародонти и мастодонти некогаш живееле на европска почвка, како и жирафата. Ваквите докази може да помогнат и во трасирањето на еволуцијата на хомо сапиенсот, кој се верува дека потекнува од Африка од пред околу 200.000 години, а подоцна мигрирал во Европа и Азија.
„Пронајдовме фосилни остатоци на неколку локации во близина на Стамер и се очекуваат нови откритија“, рече палеонтологот Денис Гераадс од „Мен еволушн лабратори“, на Националниот научно-истражувачки центар во Париз.
„На првата локација пронајдовме остатоци од праисториска жирафа, прво вакво откритие во Европа. Ова е важно откритие и ние се надеваме дека ќе пронајдеме уште многу други примероци на оваа локација“, рече Гераадс.
Според Николај Спасов од Националниот природно-историски музеј во Софија, локалитетот во Стамер содржи остатоци од доцниот миокенски период. Откопаната жирафа, вели тој, е предок на денешните африкански жирафи. Денешното животно тежи до еден тон во просек, додека македонскиот примерок тежел околу два тона, бил понизок и имал рогови.
Првичните ископувања се во тек уште од март, кога рударскиот инженер Љубе Митевски ги пронајде коските и им ги предаде на научниците.
Новите, интензивни ископувања започнаа овој месец. Македонскато Министерство за култура додели средства за истражување на локалитетот. Министерството за животна средина и просторно планирање го обезбеди местото и го стави под привремени мерки. Објавени се постојани мерки на набљудување за да се спречат нелегалните копачи, константен проблем во Македонија.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's