Според едно истражување бенефициите од ЕУ ги надминуваат трошоците за Хрватска

11/09/2007

Членството во ЕУ нема да биде евтино за Хрватска. Сепак, јавноста може да очекува повисоки плати и повеќе работни места, предвидува извештајот.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб –11/09/07

photo

Хрватска се надева дека ќе добие покана за влез во ЕУ во 2009 година. [AФП]

Според извештајот на Економскиот институт во Загреб, членството во ЕУ ќе ја чини Хрватска 1,6 милијарди евра годишно. Истовремено, јавноста веднаш ќе ги почувствува бенефициите од европската интеграција, во вид на повисоки плати и намалена невработеност.

Анализата на 1.500 страници, објавена во текот на летото, во детали го дава економското влијание од пристапот во блокот. Истиот предвидува повисок животен стандард и зајакнување на големите индустрии -- особено трговијата и туризмот -- уште од 2009 година, кога Хрватска се надева дека ќе добие покана.

Според истражувањето, стапката на невработеноста ќе се намали на 10 отсто по пристапот, од сегашните 16 отсто. БДП на земјата ќе се зголеми, како и целокупниот економски раст. Националната валута ќе остане стабилна, приливот на странските директни инвестиции ќе се зголеми и цените ќе останат стабилни, со максимално зголемување од 1,4 отсто.

Хрватите ќе заработуваат повеќе и ќе трошат повеќе, но храната, облеката, прехранбените продукти и станбениот простор, нема да станат поскапи, се заклучува во истражувањето. Сепак, летните куќи на брегот се исклучок. Нивните цени се очекува да се зголемат со либерализацијата на пазарот на недвижности.

Поврзани написи

Loading

Истражувања како ова беа спороведени и од другите земји-членки на ЕУ пред нивниот последен круг преговори со Брисел, вели директорката на институтот Сандра Сваљек. Посебно истражувањето спроведено во Полска послужи како модел за хрватскиот извештај.

Некои од бенефициите од пристапот во ЕУ може да се видат дури и сега, за време на процесот на пристап, рече главниот преговарач на Хрватска со ЕУ, Владимир Дробњак. Членството не само што ќе донесе подобар животен стандард и повисоки плати, туку и ќе додаде дополнителна вредност на хрватската политичка и социјална структура. „Таа вредност нема цена“, рече Дробњак.

И покрај тоа што целокупната слика е розова, извештајот потврдува дека некои сектори ќе се соочат со предизвици. Помеѓу нив се земјоделството и рибарството. Државните субвенции ќе бидат елиминирани по пристапот, а средствата на ЕУ ќе мора да бидат доволни со цел хрватското земјоделство да биде конкурентно на пазарот на ЕУ.

Ќе бидат потребни реформи. Државата веќе подготви земјоделска стратегија за олеснување на преминот во интегриран пазар на ЕУ, со национални квоти за секој производ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар