06/09/2007
Во рамките на своите напори за подобрување на животниот стандард, администрацијата на Груевски го намали ДДВ за лековите, компјутерите, софтверот, сончевите колектори и јавниот транспорт.
Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје - 06/09/07
![]() Цените на лековите се очекува да паднат како резултат на намалувањето на ДДВ. [Getty Images] |
Македонската влада одлучи да го намали ДДВ за неколку категории производи од 18 на 5 отсто. Намалувањето ќе важи за лековите, избрани медицински производи, комјутерите, компјутерскиот софтвер, сончевите колектори и јавниот транспорт.
„Со намалувањето на ДДВ, ние правиме нов чекор во реализирањето на нашите изборни ветувања“, рече премиерот Никола Груевски. „Најдовме начин да го зголемиме буџетот и да ја зајакнеме економијата.“
Веднаш по оваа изјава, аптеките за продажба на големо ги објавија пониските цени. „Чекорот на владата треба да се поздрави. Цените на лековите ќе бидат намалени за 10 отсто“, рече Благоја Механџиски, директор на еден од водечките синџири за големо продажба и малопродажба во Македонија, Зегин.
„Намалувањето на ДДВ од 18 на 5 отсто позитивно ќе влијае на цените на лековите“, рече директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев.
Намалувањето на ДДВ треба, исто така, да ги направи компјутерите, компјутерскиот софтвер и сончевите колектори подостапни за купување за Македонците.
Во рамките на напорите за заштита на животната средина, владата има за цел да ја намали цената на колекторите за да го охрабри нивното користење. И покрај тоа што Македонците имаат долги сончеви периоди, соларните колектори ретко се користат поради нивната висока цена -- над 1.000 евра.
Владата вети понатамошна финансиска помош за оние што сакаат да ги купат. Купувачите ќе добиваат учество во купувањето од околу 300 евра од буџетот на владата.
Јавниот транспорт, исто така, е опфатен во намалувањето на ДДВ. Сепак, Претпријатието за јавен сообраќај Скопје (ЈСП Скопје) вели дека влијанието на цените на билетите можеби ќе биде мало.
„Мерката само ќе помогне да се намалат високите цени на застарениот возен парк. Сé уште не сме пресметале дали и колку ќе ги намалиме цените“, вели ЈСП Скопје.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's