Нова белег за главниот град на Хрватска

05/09/2007

И покрај тоа што Хрватска се смета себеси за спортски ориентирана нација, земјата се соочува со недостаток на објекти. Загребската Арена -- најголемиот спортски објект што ќе биде изграден во главниот град -- ќе помогне тоа да се промени.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб - 05/09/07

photo

Макета на загребската Арена. [Tригранит]

Загребското предградие Ланиште стана најголемо градилиште во Хрватска. Загребската Арена, вредна 87 милиони евра, која се очекува да биде главното место за Светскиот шампионат во ракомет во 2009 година, се гради таму. Кога ќе биде завршена, истата визуелно ќе доминира на јужниот влез од градот.

Унгарското претпријатие Тригранит и хрватското претпријатие Ингра беа избрани да ја градат арената. Хрватската влада и градот Загреб ги обезбедуваат финансиите. Изградбата започна на крајот од јули и се очекува да трае 15 месеци. Загребскиот градоначалник Милан Бандиќ вели дека градежните работи ќе се вршат и ноќе, под светло, за да може проектот да биде завршен навреме.

Арената е прв спортски објект од оваа големина што се гради во Загреб и очекувањата се високи. Хрватите се сметаат себеси за спортски ориентирана нација, но на земјата й недостигаат спортски сали и стадиони во кои ќе можат да се одржат меѓународни настани.

Поврзани написи

Loading

Според премиерот Иво Санадер, успехот на хрватските атлетичари го овозможи отпочнувањето на еден ваков проект. „Арената ќе биде украс на Загреб, така што голема благодарност оди на сметка на хрватскиот ракометен тим“, рече Санадер на церемонијата на поставување темели претходно ова лето.

Веднаш откако Хрватска победи во кандидатурата за домаќин на Светскиот шампионат во ракомет, владата почна да планира како ќе го подготви настанот. Јасно беше дека мора да се изгради голем нов објект. Шампионатот се очекува да привлече повеќе од 15.000 обожаватели и загребската Арена ќе има капацитет за 16.000 места.

Плановите и 3Д макетата покажана пред јавноста ветуваат импресивна, модерна градба. Менаџерскиот тим на проектот беше на турнеја низ Европа и ги разгледа арените и собра совети и идеи за Загреб.

По шампионатот, арената ќе биде користена за најразлични активности -- фудбал, ракомет, кошарка, концерти, изложби, саеми и конвенции. Градењето претставува прва фаза од идниот Комплекс Арена, кој има тенденции да стане најголем трговски и забавен центар во Хрватска.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар