Реформи во македонскиот образовен систем

04/09/2007

Македонските деца сега почнуваат да одат на училиште на 6, наместо на 7 години, и англискиот јазик ќе биде дел од наставните програми уште од прво одделение.

Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје - 04/09/07

photo

Според новиот план, децата почнуваат да одат на училиште на помала возраст. [Getty Images]

Повеќе од 300.000 деца ги зедоа своите училишни торби и се упатија кон училниците во понеделникот (3-ти септември), на почетокот од учебната година за основните и средните училишта во Македонија. Околу 23.000 првоодделенци се првите кои влегоа во новиот образовен систем на основното образование.

Со новиот систем, децата ќе започнуваат во прво одделение порано, на возраст од 6, наместо на 7 години, и ќе учат девет, наместо осум години во основното училиште. Промените имаат за цел доближување на Македонија до голем број западноевропски земји, каде што учениците почнуваат на училиште на 6, а во некои земји дури и на 5 години. Сепак, реформите предизвикаа одредени тешкотии.

Повеќето училишта во земјата можат да примат помал број ученици и сега засега школските власти мора да се снајдат со ограничениот простор. Меѓутоа, Министерството за образование вели дека наставата ќе се одвива според планираното.

Условите ќе се подобрат со текот на времето, изјави министерот за образование Сулејман Рушити за новинарите. Голем број проблеми со училишните објекти се решени во последниве десет месеци и процесот ќе продолжи, додаде тој.

Поврзани написи

Loading

Властите задолжени за образованието во земјата ја комплетираа новата наставна програма, и објавени се нови учебници. Наставната програма за првото одделение е подготвителна. Во првото полугодие малите ученици претежно ќе се социјализираат и ќе учат да се прилагодуваат на новата средина. Во второто полугодие ќе бидат запознаени со основите на пишувањето и користењето на учебниците, со кои првоодделенците постепено се прилагодуваат на новиот наставен материјал.

Една од најголемите новини во образовниот систем е воведувањето на англискиот јазик како задолжителен предмент во прво одделение. Во соработка со Британскиот совет, беше подготвен тим од 18 обучувачи. Тие ќе обучат 190 наставници по англиски јазик, кои ќе работат во училиштата.

Македонија има недостаток на професори по англиски јазик во основните училишта. И покрај тоа што земјата има доволно квалификуван наставен кадар, тешко е тие да се привлечат во школскиот систем, каде што платите се ниски. Побарувачката на пазарот за нивното познавање на англискиот јазик е зголемена во областите што се подобро платени.

Во прво одделение, планот е да се учи англискиот јазик од учебниците низ игра и цртање, и со едноставна помош како што се сликите и сметалките. Изучувањето на составот на англискиот јазик ќе започне во второ одделение.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар