Претседателот Ѓул ја одобри новата турска влада

30/08/2007

Првата работа на новиот шеф на државата беше да даде зелено светло за листата министри што му ја достави премиерот Реџеј Тајип Ердоган.

Од Ахмет Гормез за Southeast European Times во Анкара - 30/08/07

photo

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган го води првиот состанок на неговата нова влада, во средата (29-ти август) во Анкара. [Getty Images]

Откако новиот шеф на турската држава, Абдула Ѓул, се пресели во Претседателската палата, прва задача што го чекаше беше одобрувањето на новата влада. Премиерот Реџеп Тајип Ердоган пред две недели ја поднесе листата кај претходникот на Ѓул, Ахмет Неџдет Сезер. Но, актуелниот претседател одби да ја разгледа, велејќи дека ќе биде подобро таа работа да остане на оној што ќе го наследи на позицијата.

Еден ден откако парламентот го избра Ѓул, неговиот близок соработник Ердоган му ја донесе листата министри. Нивниот состанок траеше еден час. Потоа, премиерот рече дека предложил влада на стабилност.

„Ги избрав моите министри кои може да ни помогнат да ги исполниме нашите цели во иднина. Мојата цел беше да се задржи континуитетот и динамиката“, рече Ердоган. „Во новото време ќе работиме за повеќе слобода и благосостојба. Зачувувањето на стабилноста ќе биде наш приоритет. Поставивме нов силен кадар со поранешни и нови министри.“

Владата ќе биде претставена пред парламентот во средата (5-ти септември) за да й се гласа доверба. На владата й треба само просто мнозинство, а владејачката АКП -- која лесно победи на изборите на 22-ри јули -- има 341 од вкупно 500 места.

Поврзани написи

Loading

Новата влада на Ердоган ја сочинуваат 24 министри, плус премиерот. Осуммина од владините членови -- Мустафа Јазиџоглу, Мехмет Шимшек, Фатук Челик, Назим Еркен, Хајати Хазичи, Вејсел Ероглу, Зафер Чаглајан и Ертугрул Ѓунај -- се нови.

Али Бабаџан, претходно државен министер задолжен за економските работи, е избран за нов министер за надворешни работи, на местото што остана испразнето од Ѓул. Бабаџан, исто така, ќе продолжи да работи како главен посредник помеѓу Турција и ЕУ.

Единствената жена во владата, државната министерка за женски и детски прашања, Нимет Чубукчу, ќе остане на своето место. Тројцата претходни министри, пак, Атила Коч, Абдулкадир Аксу и Осман Пепе -- не обезбедија место во новата влада на Ердоган.

Целосната листа на министри е следнава:

  • Премиер Реџеп Тајип Ердоган
  • Вицепремиер и државен министер Чемил Чичек
  • Вицепремиер и државен министер Хајати Јазичи
  • Вицепремиер и државен министер Назим Екрем
  • Државен министер Мехмет Ајдин
  • Државен министер Мурат Башесгоглу
  • Државен министер Курсад Тузмен
  • Државен министер Нимет Чубукчу
  • Државен министер Мехмет Шимшек
  • Државен министер Мустафа Саит Јазичоглу
  • Министер за надворешни работи и главен преговарач Али Бабаџан
  • Министер за одбрана Веџди Ѓонул
  • Министер за транспорт Бинали Јилдирим
  • Министер за труд и социјално осигурување Фарук Челик
  • Министер за индустрија и трговија Зафер Чаглајан
  • Министер за здравство Реџеп Акдаг
  • Министер за култура и туризам Ертугрул Ѓунај
  • Министер за јавни работи и договор Фарук Нафиз Озак
  • Министер за животна средина и шумарство Вејсел Ероглу
  • Министер за правда Али Сахин
  • Министер за земјоделство и рурални прашања Мехмет Мехди Екер
  • Министер за образование Хусејин Челик
  • Министер за внатрешни работи Бесир Аталај
  • Министер за финансии Кемал Унакитан
  • Министер за енергија и природни ресурси Хилми Ѓулер
Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар