Неколку часа пред претседателските избори, турската војска објави остро предупредување

28/08/2007

Вообичаената порака за Денот на победата од турскиот началник на Генералштабот дојде три дена пред самиот празник, и пред парламентарните избори за нов шеф на државата.

Од Ахмет Гормез за Southeast European Times во Анкара - 28/08/07

photo

„За жал, секој ден на различни начини се појавуваат прикриени планови чија цел е уништување на современиот напредок и владеењето на секуларните и демократските структури на Турската Република“, пишува началникот на Генералштабот, Јашар Бујуканит (десно), на веб-страницата на армијата. [Getty Images]

„Злите“ сили се обидуваат да го поткопаат секуларизмот во Турција, рече во понеделникот (27-ми август), на Денот на победата началникот на Генералштабот во земјата.

„Нашата нација го гледа однесувањето на сепаратистите, кои не можат да ја сфатат унитарната структура на Турската Република и центрите на злото кои се обидуваат систематски да ја поткопаат секуларната структура на земјата“, рече генерал Јашар Бујуканит. „Турските вооружени сили, како и досега, нема да го напуштат својот решителен став и својата задача да ја штитат и чуваат демократската, секуларна Турска Република.“

Како невообичаено отстапување, изјава со остри зборови беше издадена три дена пред Денот на победата, кој се прославува на 30-ти август, а само неколку часа пред парламентот да гласа повторно за новиот претседател во вторник.

Министерот за надворешни работи, Абдула Ѓул, претседателски кандидат на владејачката Партија на правдата и развојот, веќе победи на два круга од гласањето, но не успеа да го обезбеди потребното двотретинско мнозинство. Но, во третиот круг, нему му треба само просто мнозинство за победа.

Поврзани написи

Loading

Турската секуларистичка елита и военото раководство отворено изразија вознемиреност од можноста АКП, која има корени во политичкиот ислам, да добие контрола над претседателската функција. Кога Ѓул се кандидираше за првпат во април, војската издаде изјава во која вети дека ќе го чува секуларизмот. Политичката криза како резултат на овие случувања ја доведе Турција до предвремени избори, на кои АКП лесно победи.

Војската има долго досие на интервенирање во политиката, вклучително и преку државни удари. Во 1997 година истата изврши притисок премиерот Неџметин Ербакан да ја напушти функцијата. Неговата Партија на благосостојбата -- претходник на денешната АКП -- потоа беше забранета.

Политичките аналитичари не очекуваат слично дејство и сега. Сепак, изјавата на Бујуканит претставува еден вид предупредување до Ѓул пред да ја преземе својата нова функција. Турските медиуми ја опишуваат неговата изјава како најсилна порака за Денот на победат досега. И меѓународните извештаи ја карактеризираат како „предупредувачки истрел“.

Претседателската палата, некогаш дом на Кемал Ататурк, е една од најсилните симболи на секуларизмот во Турција. Сега, член на партија поврзана со исламот, влегува внатре. Ако Ѓул стане претседател Турција за првпате ќе има прва дама што носи муслиманска шамија на главата.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар