Откриен споменик на „Роки“ во град во Србија

24/08/2007

Споменик на Рики Балбоа, легендарниот филмски боксер кој го играше холивудскиот актер Силвестер Сталоне, беше откриен во малиот град Житиште, во северната српска покраина Војводина.

Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград – 24/08/07

photo

Споменикот на холивудскиот боксер Роки Балбоа беше откриен минатата недела. [Фотографијата е добиена со љубезна согласност на Игор Јовановиќ]

Споменик на измислениот боксер Роки Балбоа беше откриен во Житиште, мал град со околу 2.000 луѓе во северна Србија, на 18-ти август. Целиот споменик, моделиран според оној во Филаделфија од 1983 година, е висок околу 5 метри. Статуата на Балбоа, кој го играше актерот Силвестер Сталоне, е висока 2,60 метри.

Луѓето во Житиште гледаат на проектот начин да се промени имиџот на нивниот град и да се привлечат туристи. „Ние сакаме да создадеме еден вид туристичка приказна. Целта е овој град да се направи бренд. Житиште досега е познат само по лоши работи -- поплави, свинска чума. Тука има многу навивачи на италијанските фудбалски клубови и Сталоне и Роки едноставно се вклопуваат“, рече градоначалникот на Житиште, Зоран Бабиќ.

Пред изградбата на споменикот, беше формирана Граѓанска асоцијација „Роки Билбоа“, која ја сочинуваат претежно млади луѓе од градот. Инспирирани од изградбата на споменикот на кунг-фу легендата Брус Ли во Мостар, Босна и Херцеговина, тие дојдоа на идеја за споменик во чест на Роки.

Претставникот на асоцијацијата, Бојан Марчета, рече дека биле потребни само гласини за споменикот за да се привлечат спонзори и бројни новинари во Житиште. Хрватскиот скулптор Борис Стапарац слушнал за планот и доброволно ги понудил своите услуги. „Идејата за изградба на споменик кој ќе биде посветен на филмскиот херој е прилично чудна идеја, а мене неверојатно ме интересираат и привлекуваат чудните работи“, рече Стапарац.

Жителите мораа да добијат зелено светло од американскиот скулптор Томас Шомберг, кој ја направи оригиналната статуа во Филаделфија. Марчета вели дека Шомберг се согласил со споменикот и дал половина од својата плата за олеснување на работата на луѓето во Житиште.

Балбоа беше логички избор за споменикот, велат членовите на здружението. Филмскиот херој успеа од пропаднат боксер да стане успешен борец, и на крајот стана светски шампион -- победувајќи ги сите противници и своите сопствени демони. Ова, велат жителите на Житиште, е токму она што тие планираат да го сторат за да му помогнат на својот град да просперира.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading