23/08/2007
Одговарајќи на критиките од опозициските партии, владата инсистира на тоа дека нејзината донација на автоматски пушки, митралези и муниција е оправдана.
Од Недељко Рудовиќ за Southeast European Times во Подгорица - 23/08/07
![]() Црна Гора донираше автоматски пушки, митралези и куршуми за авганистанските војници, кои се борат со талибанските милитанти. [Getty Images] |
Црногорската влада ја брани својата одлука за испраќање на вишокот оружје и муниција во Авганистан, како придонес во глобалната борба против тероризмот.
На 14-ти август владата се согласи да донира околу 1.500 автоматски пушки, 100 митралези и 250.000 куршуми за авганистанските војници што се борат со Талибанците. Објаснението беше дека Црна Гора сака да помогне во стабилизацијата на Авганистан и да придонесе во глобалната безбедност.
Опозициските партии го доведоа во прашање овој потег. Либералната партија (ЛП), која се противи на влезот на Црна Гора во НАТО, вели дека подобро ќе беше во Авганистан да се испрати хуманитарната помош, наместо оружје.
Српската листа, која тврди дека Црна Гора не треба да брза со влезот во НАТО, обвинува дека правилата се прекршени бидејќи парламентот не ја одобри одлуката на владата.
Сепак, властите се убедени дека ја донеле вистинската одлука.
„Тероризмот е идентификуван во нашата одбранбена стратегија како голема штета за нашата национална безбедност. Со овој придонес, Црна Гора покажува посветеност на интересите на меѓународната заедница и ги штити сопствените интереси“, се вели во изјавата на Министерството за одбрана.
Министерството вели дека сé e направено законски. Одобрение од парламентот, тврди истото, е потребно смо кога се испраќаат војници во странство, а не и во случај на едноставна донација.
Според министерството, обврските од овој вид произлегуваат од членството на Црна Гора во програмата на НАТО Партнерство за мир (ПзМ).
ЛП го исмева аргументот на владата дека донираното оружје е потребно да се стабилизира Авганистан. „Донациите во пушки и муниција се голем придонес за воспоставувањето на мирот во тој дел од светот“, коментираше партијата сакрастично.
„Каков вид хуманитаријаризам е кога му помагате некому испраќајќи оружје, наместо хуманитарна помош?“, рече заменикот на ЛП, Зоран Живковиќ.
Додека воените аналитичари се согласуваат дека испраќањето оружје и муниција во Авганистан ќе й помогне на Црна Гора да се доближи до НАТО, некои велат дека има потенцијална цена за националната безбедност.
Саво Кентера од Евроатланскиот клуб смета дека Црна Гора не треба само да донира оружје, туку и да испрати војници.
За разлика од тоа, Александар Дедовиќ од Алфа центарот вели дека во оваа владината одлука треба да се гледа плаќање на еден вид членарина за ПзМ. Црна Гора нема да стекне никакви пријатели во муслиманскиот свет со овој потег, тврди тој.
Неколку други земји во регионот, исто така, испратија оружје и муниција за Авганистан во последниве години.
Во 2003 година Хрватска испрати муниција вредна два милиони американски долари, а во јануари оваа година земјата одлучи да испрати 1.000 автоматски пуши и 300.000 куршуми.
Во 2004 година Албанија испрати оружје и муниција во вредност од 746.000 американски долари. Босна и Херцеговина испрати автоматски пушки, униформи и муниција вредни 2,8 милиони американски долари.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's