Одземен имунитетот на поранешниот македонски премиер

21/08/2007

Одлуката на парламентот од понеделникот го расчисти патот за евентуално апсење на Владо Бучковски во врска со скандалот со набавка на оружје.

(Утрински весник - 21/08/07; MИА, Макфакс, АП, Ксинхуа - 20/08/07; Maкфакс, Балканска мрежа на истражувачко новинарство - 17/08/07; Балканска мрежа на истражувачко новинарство - 03/08/07)

photo

Обвинувањата против поранешниот македонски премиер Владо Бучковски произлегуваат од неговата претходна функција на министер за одбрана. [Getty Images]

Пратениците од македонските владејачки партии во понеделникот (20-ти август) гласаа за одземање на имунитетот на поранешниот премиер Владо Бучковски. Тој сега може да биде притворен врз основа на обвинувањата за вмешаност во договорот за набавка на оружје, кој ја чинел државата три милиони евра.

Од вкупно 120 пратеници, 59 гласаа за одземање на имунитетот на Бучковски. Имаше едно официјално отсуство. Опозициските партии го бојкотираа гласањето.

Парламентарната комисија првично му го одзеде имунитетот на Бучковски на 2-ри август, но најголемата опозициска партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), обвини дека со одлуката се прекршени процедуралните правила. СДСМ побара парламентот да заседава во целосен состав околу ова прашање.

Дебатата започна во четвртокот и беше нарушена со континуираната размена на обвинувања и навреди помеѓу пратениците на СДСМ и на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, на премиерот Никола Груевски.

Бучковски, сега пратеник на СДСМ, вели дека е жртва на политичка хајка и ги негира обвинувањата против него.

„Не барам милост, бидејќи вие не сте поротата“, рече тој во обраќањето пред пратениците пред гласањето во понеделникот. „Невин сум.“

Случајот со набавката на оружје датира од 2001 година, кога Бучковски беше министер за одбрана. Поранешниот началник на Генералштабот на македонската армија, пензионираниот генерал Методи Стамболиски, наводно нарачал четирипати повеќе резервни делови за тенковите Т-55 на Aрмијата од потребните. Тој беше уапсен претходно во август, а пред неколку денови беше ослободен со кауција.

Другиот клучен осомничен во случајот е Митре Петковски, менаџер на македонското претпријатие за металургија МЗТ ФОП, од кого биле нарачани резервните делови.

Поврзани написи

Loading

Бучковски, Стамболиски и Петковски беа обвинети за „стекнување значителна материјална полза за себе, на сметка на државниот буџет“.

Обвинети се и уште двајца други официјални претставници на Министерството за одбрана. Бучковски вели дека неговата улога во контроверзниот случај со оружјето веќе беше испитан во 2002 година, кога сите обвиненија против него беа отфрлени.

Велејќи дека се работи за „политички монтиран процес“, Бучковски пред пратениците во понеделникот рече дека актуелната влада води „селективна борба против организираниот криминал и корупцијата“.

СДСМ побара случајот да биде ставен под мониторинг на меѓународните организации, меѓу кои и ОБСЕ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар