Странските инвеститори заинтересирани за албанската нафта

15/08/2007

„МедОил“ и „Стрим гас лимитед“ потпишаа договори со албанската влада за пронаоѓање на експлоатација на јаглеводородот.

Од Јонилда Коци за Southeast European Times во Тирана – 15/08/07

photo

[Getty Images]

Двата странски инвеститори ги објавија плановите за понатамошно инвестирање во потрагата по нафта и гас во Албанија. Првиот, британскиот „МедОил“, доби право за испитување и развивање за јаглеводородот во Јонското Море.

Истовремено, меѓународната фирма „Стримоил гас лимитид“, потпиша договор со албанската влада во врска со развојот и производството на јаглеводородот на неколку полиња во земјата.

Двата договори ќе бидат одобрени на состанокот на владата на 8-ми август.

„Овие две претпријатија, заедно со другите претпријатија што работат во земјата, драстично го променија производството на нафтата во земјата, достигнувајќи 500.000 тони минатата година“, рече премиерот Сали Бериша. „Ние очекуваме понатамошно зголемување оваа година.“

„МедОил“ ќе ги води операциите во областа што се протега од полуостровот Карабурун до најјужниот албански град Саранда. Официјалните статистички податоци предвидуваат дека може да се најдат 1,8 милијарди барели резерви нафта. Според договорот, владата ќе добие помеѓу 10 и 60 отсто од приходите од нафтата, според длабочината на ископувањето. Аналитичарите предвидуваат дека најверојатен процент ќе биде помеѓу 10 и 12 отсто.

Британското претпријатие инвестира околу 20 милиони американски долари во проектот во текот на следните седум години. Истото има договорно право за експлоатација на изворот за период од 20 години, почнувајќи од датумот кога нафтата ќе се пронајде.

„Стримоил“, пак, ќе ископува на полињата Балш-Хекал, Горишт-Косур и Чакран-Молај, како и Делвина. Владата очекува државното претпријатие „Албпетрол“ тројно да ги зголеми приходите како резултат на договорот со „Стримоил“.

Има и други странски инвеститори во нафтената индустрија. Канадското претпријатие „Банкерс петролеум“ ископува на полето Патос-Маринца од 2004 година. Истото го зголеми своето производствено ниво на преку 4.400 барели дневно, на крајот од 2006 година, во споредба со 600 барели дневно откако истото го презеде проектот во јули 2004 година.

Друго претпријатие, „Оксидентал петролеум“, трага по нафта и природен гас на планината Шпирагу, 120 километри јужно од главниот град, од 1991 година. Потрагата досега беше бесплодна.

Бериша вели дека е сигурен за целокупното ниво на странските директни инвестиции во Албанија. „Во последниве недели потпишавме неколку договори со странските инвеститори ... Нивниот ангажман е јасен доказ за фокусот на странските претпријатија и решеноста да инвестираат во Албанија.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading