13/08/2007
Сопствениците на хотелите во бугарското црноморско крајбрежје би можеле да се соочат со банкрот следната година, предупреди шефот на туристичката агенција во оваа балканска земја.
(Дневник, Софија ечо - 13/08/07; Дојче веле, Софиска новинска агенција - 06/08/07; Софија ечо - 06/08/07; Софиска новинска агенција - 27/07/07; Meдиапул - 26/07/07)
![]() Туризмот обезбедува две милијарди евра секоја година, околу половина од бугарскиот трговски дефицит. [Getty Images] |
Безконтролираното градење долж бугарското црноморското крајбрежје во последниве години резултираше со далеку поголема понуда од побарувачка, поради што голем број хотелски кревети сега се празни во шпицот на сезоната. Ова е само еден од проблемите со кои се соочуваа туристичката индустрија во земјата, според извештајот на веб-страницата на германскиот „Дојче веле“ во неделата (12-ти август).
Милиони евра се инвестирани во градењето хотели, барови и други туристички капацитети, но недостига потребната инфраструктура, вели Марин Нешков, бугарски експерт за туризам во северниот црноморски град Варна, на веб-страницата на овој германски медиум.
На пример, „Сончев брег“ -- туристичко место на 35 километри оддалеченост од Бургас -- доживеа огромна експанзија од бугарската транзиција во пазарна економија и сега таму има повеќе од 200 хотели, меѓу кои и неколку луксузни. Но, недостига соодветна транспортна и комуникациска мрежа. Исто така, има недостиг на вода и канализација, рече Нешков.
Туризмот годишно носи две милијарди евра, околу половина од бугарскиот трговски дефицит, според „Дојче веле“. Но, според претседателот на бугарската туристичка агенција, во земјата сега се намалува бројот на странските туристи.
Приходите од меѓународниот туризам од јануари до мај оваа година изнесуваа 532 милиони евра -- зголемување од 16 отсто во споредба за истиот период во 2006 година, рече на 26-ти јули шефот на Државната агенција за туризам, Анелија Крушкова. Сепак, по неколку години стабилен раст, бројот на странските туристи се намали во текот на истите пет месеци, рече таа.
Големиот пораст на бројот на хотелите на црноморското крајбрежје во текот на изминатата деценија ја донесе конкуренцијата на нивоа без преседан, рече Крушкова. Со оглед на малиот број странски посетители, голем број сопственици беа принудени драстично да ги намалат цените на собите минатиот месец. Но, голем број кревети, особено во хотелите без поглед на море, останаа празни.
Според Крушкова, неодамнешното безредие во градежништвото на крајбрежјето има негативно влијание на околу 50 отсто од хотелите лоцирани надвор од централните туристички области. Недостатокот на туристи би можел да резултира со банкрот на голем број сопственици на хотели следната година поради неможноста за исплата на големите долгови, рече таа.
Со оглед на тоа што сé повеќе Бугари се чини дека ги избираат туристичките места во соседните земји за нивните одмори, сопствениците на хотели добиваат совети да ги намалат цените не само за странците, туку и за локалните туристи, за привлекување повеќе гости.
Недоволниот број квалификувани работници претставува друг проблем за бугарскиот туризам. Хотелите се градат толку бргу што квалификуваните работници не можат да се обучат доволно брзо. Исто така, голем број студенти повеќе не остануваат тука во лето за да работат во туристичката индустрија, туку наместо тоа одат во странство.
„Туризмот ја има најниската просечна плата во Бугарија“, изјави Нешков за „Дојче веле“. „Тоа не е логично, ако некој размисли за тоа, [со оглед на тоа што] туризмот сочинува 14 отсто од бруто националниот производ на земјата.“
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's