Во Црна Гора повеќе мобилни телефони од жители

08/08/2007

Растечката тенденција во Црна Гора создаде ситуација на повеќе мобилни телефони отколку граѓани. Со неодамнешното воведување на трет мобилен оператор, феноменот се очекува да расте.

Од Недељко Рудовиќ за Southeast European Times во Подгорица – 08/08/07

photo

Повеќето Црногорци имаат мобилни телефони. [Getty Images]

Бројот на мобилните телефони што се користат во Црна Гора го надмина бројот на граѓаните. Црна Гора има население од околу 620.000 жители -- со просечна месечна плата од 326 евра. Според Министерството за телекомуникации, бројот на мобилните телефони што се користат во земјата изнесува околу 700.000. Со воведувањето на новиот мобилен оператор во Црна Гора минатиот месец бројот на корисници на мобилните телефони во земјата уште повеќе се зголеми.

„М-тел“, заедничко претпријатие на „Телеком Србија“ и „Огалар БВ“ -- холандско претпријатие под контрола на „Делта холдинг“ -- влезе на новиот независен пазар во земјата на почетокот од јули. Претпријатието се вели дека продаде 12.000 припејд пакети со СИМ картички во текот на првиот официјален ден на отворањето.

Овој растечки феномен покажува дека за Црногорците мобилниот телефон не е само телефон, туку и статусен симбол. Голем број граѓани мислат дека влегувајќи во мобилниот тренд може да ги користат своите телефони како статусен симбол. Наместо да се обидуваат да си дозволат најнов „мерцедес“, „рено“ или „пежо“ на секои неколку години, мобилниот телефон може да се менува на неколку месеци за многу помалку пари.

Дури и учениците во основните училишта се фалат со најнова технологија, носејќи ги мобилните телефони со себе на училиште. Пред неколку години оваа возрасна група се натпреваруваше со најновиот модел на патики „најк“ или „рибок“ -- а сега се обидуваат да тржат темпо со најнови „нокиа“, „моторола“, „самсунг“.

Поврзани написи

Loading

Првиот мобилен оператор во земјата, „Про Монте“, во сопственост на „Норвеј теленор“, започна со работа во 1996 година. „Т-мобајл“, во сопственост на германскиот „Дојче телеком“, се појави во 2002 година.

„Промонте има 57,6 отсто од пазарот, а „Т-мобајл“ поседува 42,4 отсто. „М-тел“ предвидува добивка од 15 отсто од пазарот оваа година и 30 отсто во 2008 година.

Според податоците од „Промонте“ и „Т-мобајл“, минатата година во Црна Гора биле испратени 263 милиони СМС пораки. Неодамнешниот телевизиски спот покажа дека дури и постарата популација се загрева за овој начин на комуникација. „Т-мобајл“ вели дека 430.000 СМС пораки се испраќаат преку нивната мрежа во Црна Гора секој ден.

„Мултимедија месиџинг сервис“ (ММС), кој дозволува испраќање слики, аудио и видео, оваа година се рашири уште повеќе. „Промонте“ вели дека 20.000 ММС пораки се испраќаат секој ден преку нивниот систем.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар