07/08/2007
Врховниот воен совет отпушти неколку офицери за наводни исламистички активности и унапреди генерал-полковник познат по својата улога во државниот удар во 1997 година.
Од Ајхан Шимшек за Southeast European Times -- 07/08/07
![]() Турскиот началник на Генералштабот, Јашар Бујуканит (лево), и премиерот Реџеп Тајип Ердоган присуствуваа на состанокот на Советот минатата недела. [Getty Images] |
Поттикнувањето на секуларизмот во Турција беше во фокусот на четиридневниот состанок на турскиот Врховен воен совет, кој заврши во саботата (4-ти август). Состанокот беше одржан откако владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), која има корени во политичкиот ислам, постигна убедлива победа на општите избори на 22-ри јули.
Советот отпушти десет офицери од вооружените сили поради нивната наводна вмешаност во „реакционерни“ активности -- термин кој означува исламистички екстремизам. Тринаесет други беа избркани од дисциплински причини.
Премиерот Реџеп Тајип Ердоган, чија влада беше во судир со војската и турската секуларна елита, претседаваше со состанокот. Тој и министерот за одбрана, Веџди Ѓонул, изразија резервираност во врска со отпуштањата на офицерите, но потврдија дека според актуелниот систем, одлуките на Советот не можат да се обжалат. АКП, наводно, планира да го промени системот во рамките на планираните уставни реформи.
Војската, пак, и понатаму инсистира на тоа дека АКП треба да избере секуларен претседател за наследник на актуелниот Ахмет Неџдет Сезер. Во април, кога министерот за надворешни работи Абдула Ѓул се кандидираше за претседател, војската објави предупредување со остри зборови. Кандидатурата на Ѓул тогаш пропадна.
„Ние сé уште стоиме зад она што го кажавме на 12-ти април“, рече началникот на Генералштабот, Јашар Бујуканит, за новинарите минатата недела. „Нема промени во тоа.“
На својот состанок Советот го унапреди генерал-полковник Ердал Чејланоглу во ранг на генерал. Тој е познат по своите наредби за распоредување тенкови во областа Синчан во Анкара во 1997 година, како израз на сила против претходната влада со исламистички корени.
Потегот беше дел од воената кампања која на крајот заврши со соборување на премиерот Неџметин Ербакан. Неговата Партија на благосостојбата -- претходник на АКП на Ердоган -- беше забранета во 1998 година.
Објавени беа уште неколку промени во персоналот. Адмирал Музафер Метин Атач ќе го замени адмиралот на морнаричките сили, Јенер Карахонглу, кој ќе се пензионира на крајот од месецов. Турскиот шеф на Воениот колеџ, генерал Ајдоган Бабаоглу, беше назначен на местото на командантот на турските воздухопловни сили, генерал Фарук Комерт, кој исто така ќе се пензионира на 30-ти август. Првиот армиски командант, генерал Фетхи Ремзи Тунчел, командантот на Егејската армија, генерал Сукру Саршик и турскиот шеф на копнената команда за едукација и доктрина, генерал Орхан Јонеј, беа пензионирани.
Во турските копнени сили, три од седум генерали-полковници беа промовирани во ранг на генерали. Во турските воздухопловни сили, еден генерал-полковник беше, исто така, унапреден во генерал. Хасан Аксај беше назначен за командант на турскиот Воен колеџ. Вице-адмиралот Есреф Угур Јигит беше унапреден во адмирал и командант на флота.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's