02/08/2007
Босна и Херцеговина (БиХ) конечно го усвои новиот закон за високото образование, што овозможува дипломите што се издаваат во земјата да бидат меѓународно признаени.
Од Денис Џидиќ за Southeast European Times во Сараево -- 02/08/07
![]() Високиот претставник во БиХ, Мирослав Лајчак. [OХР] |
Парламентот на Босна и Херцеговина во понеделникот (30-ти јули) усвои закон за високото образование, со кој се решава главната причина за незадоволство во меѓународната заедница и се отвораат нови можности за студентите. Усвојувањето на законот значи дека дипломите на БиХ сега се признаваат во Европската област на високото образование и потенцијално низ целиот свет.
„Ова е најдобра можна вест за повеќе од 100.000 студенти и персонал во институциите на високото образование во земјава“, рече високиот претставник во БиХ, Мирослав Лајчак, по гласањето во парламентот. „Задоволен сум што гледам одговорност од страна на политичките водачи и партии во поглед на преземањето мерки за иднината на сите граѓани во земјата.“
До понеделникот БиХ беше само една од 40-те потписници на Болоњскиот процес која немаше модерен закон за високото образование. Усвојувањето на една ваква легислатива беше услов за земјата што сака да се движи кон пристапот во ЕУ.
Законот останува предмет на вжештена дебата, особено поради тоа што ќе ги стави парите за високото образование во рацете на ентитетите -- владата на Република Српска и кантоните на Федерацијата на БиХ -- наместо во рацете на државата. Според критичарите, ова би можело да значи дека високото образование не е конзистентно низ цела БиХ, со оглед на тоа што парите не се заеднички.
Со овој закон Агенцијата за образование ќе ги предводи промените на ниво на ниското, основното и средното образовно ниво. Друга агенција, ЦИРЦА, ќе работи на признавање на дипломите. Секоја земја што го потпишува Болоњскиот договор има оперативна агенција која ќе овозможи дипломите од таа земја да бидат прифатени и признаени низ целиот свет.
Агенцијата за потврдување на квалитетот ќе воспостави уникатни стандарди и критериуми за акредитација на високото образование. Ова е најклучна агенција, со оглед на тоа што нејзината задача ќе биде координирање на работата на сите институции од високото образование во земјата и осигурување дека истите ги следат вообичаените стандарди и критериуми.
„Овој закон создаде здрава правна основа за тековните подобрувања во високото образование во БиХ“, рече Лајчак. „Спроведувањето на овој закон е сега важно и мора да почне што е можно побргу.“
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's