Романија: Новата сцена на Холивуд

02/08/2007

Спектакуларните предели во Романија и ниската цена на работната сила предизвикуваат сé поголем интерес помеѓу филмските работници.

Од Пол Кокиу за Southeast European Times во Букурешт – 02/08/07

photo

Aктерката Никол Кидман беше во Романија да го снима „Студената планина“. [Getty Images]

Во последниве години Романија се претвори во филмски рај на Холивуд, во голема мера поради ниските цени. Сега во земјата се снимаат големи филмови, во кои настапуваат ликовите на Никол Кидман, Џуд Ло, Весли Снајпс, Рене Зелвегер и Жан-Клод ван Дам.

Две големи романски студија доживуваат невиден бум во бизнисот. Тоа се: „Кастел филм“, лоциран на 40 километри од Букурешт, во селото Колпани, и „Медиапро студиос“, кое се наоѓа во градот Буфтеа. Последниот е еден од најголемите медиумски и забавни групи во Источна Европа.

Пресвртницата, во поглед на интересот на Холивуд, беше „Студената планина“, приказна за Граѓанската војна во ридовите на Северна Каролина. Филмот, во кој играа Ло, Кидман и Зелвегер, беше снимен во Раснов, во југоисточна Трансилванија.

Поврзани написи

Loading

„Без заштедата што ја понуди Романија, „Студената планина“ апсолутно немаше да може да се снима“, рече продуцентот Алберт Бергер, кој проценува дека ниската цена на работната сила во земјата го намалила буџетот на филмот за повеќе од 20 милиони американски долари. Истиот би чинел повеќе од 100 милиони американски долари ако беше сниман во САД, вели Бергер.

Романското Министерство за надворешни работи, во меѓувреме, доби дозвола да ги искористи сцените од филмот во туристичката кампања емитувана на СНМ во 2004 година. Во рекламите филмскиот режисер Антони Мингела, ја фали земјата и нејзините нечепнати пејзажи.

Друг американски филм, „Модиглиани“ беше снимен во „Медиапро“. Во него настапи Енди Гарсија во улогата на прочуениот италијански сликар, и истиот чинеше 14 милиони евра. Кристофер Ламберт и Адријан Пол глумеа во „Хајлендер: Крај“, кој го снимаше „Кастел“. ББС, исто така, беше привлече ниски цени во Романија -- истиот го снимаше „Кралицата Мери на Шкотите“ таму. Романија, исто така, се цени како локација за документарците што се емитуваат на канали како што се: ЗДФ, Арте, Дискавери и „Нешнал џеографик“.

Странците сега трошат околу 50 милиони американски долари годишно за услугите за снимање филмови во Романија. Романија е нова членка на ЕУ и влијанието на пристапот врз индустријата останува да се види. Според експертите од оваа област, земјата може да очекува дека ќе остане рај за филмските работници и во годините што доаѓаат.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар