Новиот албански претседател положи свечена заклетва

25/07/2007

Политичкиот ќор-сокак кој се закануваше да ја втурне Албанија во предвремени избори заврши и земјата сега има нов претседател.

(AП, АФП, Ксинхуа - 24/07/07; Балканска мрежа на истражувачко новинарство, португалско претседателство на ЕУ - 23/07/07; Ројтерс, АП - 20/07/07)

photo

Албанскиот претседател Бамир Топи (лево) положи свечена заклетва во вторникот (24-ти јули). [Гент Шкулаку]

Бамир Топи во вторникот (14-ти јули) положи свечена заклетва на функцијата претседател на Албанија. Тој вети дека ќе работи за евроатланската интеграција на земјата.

Заедно со Хрватска и Македонија, Албанија се надева дека ќе добие покана за влез во НАТО во 2008 година. Земјата потпиша Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ минатата година, со што го комплетираше првиот голем чекор на својот пат кон членството во блокот од 27 нации.

„Во денешно време сé мора да се промени додека се справуваме со новите историски предизвици на албанскиот народ“, рече Топи за време на церемонијата на положување свечената заклетва во вторникот вечер. Настанот започна со специјална пленарна седница на парламентот на земјата од 140 места и продолжи во Палатата на бригадите во Тирана.

Педесетгодишниот биолог и истражувач кој некогаш беше министер за земјоделство, е заменик-претседател на албанската владејачка Демократска партија. Тој беше избран за член на парламентот трипати по ред од крајот на комунизмот во 1991 година и се смета за умерен.

Неодамнешните анкети покажаа дека тој е најпопуларната фигура во политиката, според Балканската мрежа на истражувачко новинарство.

Топи доаѓа на местото на Алфред Мојсиу, чиј петгодишен мандат истече во вторникот.

Топи беше избран во петокот со поддршка од 85 од вкупно 91 пратеник што присуствуваа на седницата на која се гласаше. Трите претходни круга гласање не дадоа победник, бидејќи ниту еден од претседателските кандидати не успеа да го добие уставно потребниот минимум од 84 гласа. Во третата рунда гласање на 15-ти јули, Топи освои 50 гласa, додека неговиот левичарски противкандидат Неритан Чека освои 32.

Во петокот седум опозициски пратеници го игнорираа бојкотот на Социјалистичката партија, со што помогнаа да се стави крај на ќор-сокакот кој ја носеше земјата кон предвремени избори.

Поврзани написи

Loading

Потврдувајќи ја нивната поддршка за кандидатурата на Албанија за членство во ЕУ, министрите за надворешни работи на Унијата во понеделникот го поздравија успешниот изборен процес и ги повикаа „сите политички сили да работат заедно за напредок на потребните реформи“.

Топи, чија функција му дава овластување над судството и вооружените сили, вети обновување на политичката рамнотежа и унапредување на институционалните реформи.

„Ветувам дека ќе внесам рамнотежа во албанската политичка клима и ќе ги модернизирам нашите институции за да можеме да се соочиме со предизвиците на пристапот во ЕУ и НАТО“, Ројтерс ја цитираше неговата изјава пред пратениците во петокот.

Преземајќи ја функцијата во вторникот, Топи повика на единство и вети дека ќе остане над политичките партии и интереси. Тој, исто така, рече дека ќе поддржи мерки што на крајот ќе го зголемат кредибилитетот на политичарите.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар