23/07/2007
Албанија ја разреши својата претседателска криза во последен момент, за малку избегнувајќи предвремени избори.
Од Јонилда Кочи за Southeast European Times во Тирана – 23/07/07
![]() Новоизбраниот албански претседател Бамир Топи. [Гент Шкулаку] |
Членот на Демократската партија, Бамир Топи, беше избран во петокот (20-ти јули) да ја преземе претседателската функција во Албанија, по трите пропадната круга од гласањето во текот на изминатиот месец.
Заменик-претседателот на владејачката Демократска партија освои 85 гласа од парламентот од вкупно 140 места -- еден повеќе од потребниот уставен минимум -- откако некои членови на коалицијата предводена од социјалистите ја напуштија истата и го игнорираа бојкотот поради кој пропаднаа претходните кругови гласање.
„Верувам дека вашите гласови за доверба придонесоа за престижна презентација на Албанија, кон интеграцијата на нашата земја во НАТО и ЕУ“, рече Топи по гласањето.
Според уставот на земјата, кандидатот мора да освои три петтини од гласовите во парламентот -- или вкупно 84 гласови -- за да биде изгласан, што бара консензус помеѓу мнозинството и опозицијата. Изборот на претседателот во заминување Алфред Мојсиу беше резултат на таков консензус во 2002 година.
„Вистина е дека избравме претседател со консензус, но ова беше десетпати подобар избор“, рече премиерот Сали Бериша. Владејачките и опозициските партии се борат да постигнат консензус уште од јуни, но без успех. Една причина за неуспехот беше инсистирањето на Бериша некои уставни реформи -- имено скратувањето на мандатот на јавниот обвинител во земјата -- да бидат вклучено во консензусот.
Фактот што парламентот функционираше во согласност со уставот е вистинска победа на владеењето на правото“, рече Бериша по изборот.
Реакциите на гласањето во петокот беа мешани. Водачот на парламентарната група на социјалистите, Бен Блуши, поднесе оставка, откако шест членови на неговата група гласаа за Топи. Блуши за новинарите изјави дека Топи беше избран по еден срамен процес.
Претседателот на Социјалистичката партија, Еди Рама, кој се залаше за предвремени избори, го обвини мнозинството за корупција на гласови и рече дека социјалистите нема да присуствуваат на седницата на парламентот на кој Топи ќе полага свечена заклетва.
„Би сакал да можев да му честитам на новиот претседател, но тој не ги заслужува честитките на Социјалистичката партија... бидејќи директно придонесе за овој срамен процес на корупција“, рече Рама.
Во првите два круга од гласањето, кандидати беа Топи и Нано, но ниту еден од нив не успеа да го освои неопходното мнозинство гласови, бидејќи опозицијата го бојкотираше процесот. Во третиот круг нов кандидат -- членот на центристичката Партија на демократскиот сојуз Неритан Чека -- влезе во трката, со поддршка од 20 членови на парламентот.
Нано беше трет во третиот круг и беше елиминиран од изборите во петокот. Во петокот Топи успеа да го освои потребниот број гласови, додека Чека освои пет гласа.
Изборот на претседател ја затвори една од најсериозните кризи со кои се соочила земјата досега. Уставот дозволува предвремени избори ако парламентот не успее да избере претседател по пет круга. Со завршувањето на мандатот на Мојсиу во вторникот, следен чекор ќе беа предвремени избори.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's