Невработеноста на младите станува сериозен проблем во Југоисточна Европа

17/07/2007

Сегашните нивоа на невработеноста во Југоисточна Европа би можеле да станат социјални прашања за регионот, каде што премногу млади луѓе не се школуваат и се без работа.

Од Георги Митев-Шантек за Southeast European Times во Белград -- 17/07/07

photo

Голем број млади луѓе во регионот не можат да најдат работа. [Лаура Хасани]

Во брзата промена на економските околности во Југоисточна Европа, голем број високообразовани луѓе останаа невработени. На конференцијата на Светската банка -- „Младите луѓе во Источна Европа и Централна Азија: Од политика до акција“ -- што се одржа во мај, многумина рекоа дека трендот на невработеноста би можел да го забави економскиот развој и да доведе до зголемена сиромаштија и криминал во регионот.

Од 2005 година новите земји-членки на ЕУ ги покрија сите свои нивоа на БДП по 1990-тите. Земјите од Југоисточна Европа, пак, побавно се обновуваа. Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина (БиХ) и Македонија беа зафатени од внатрешни превирања од балканскиот конфликт.

Денес, стапката на вработеност на Словенија е над просекот на ЕУ-15 од 65,2 отсто, но на Македонија изнесува нешто над 30 отсто. Хрватска е сé уште 10 отсто под просекот на ЕУ-15. Проблемот со невработеноста во регионот се смета за сериозен проблем, со оглед на тоа што повеќето од овие невработени лица се помлади од 30 години.

Во поголемиот број земји од регионот, има причина за загриженост. Во Албанија и Турција, повеќето лица на возраст од 18 до 24 години не го довршиле средното образование.

Образовните системи во Југоисточна Европа се под притисок, како домашен, така и меѓународен, да ги обезбедат потребните вештини за пазарот на трудот, но моментно не можат да се справат со потребите на младите во регионот.

„Срамно е тоа што владата ни го нуди по шест години студии, тешка работа и стрпливост. Јас завршив степен за електроинженер со висок просек и во рекорден рок и што е мојата перспектива денес во Србија?“, вели Милош Павловиќ (24) од Белград. „Сите се надевавме дека со време, работите во Србија ќе се подобрат, но очигледно ништо не се промени.“

Професионалното и техничкото образование во регионот, исто така, не успева да обезбеди транзиција „училиште за работа“ за младите. Скоро 90 отсто од матурантите со стручно образование во 2003 година биле невработени од една до пет години по матурирањето, според Светската банка и УНИЦЕФ. Во БиХ оние што завршуваат на техничките училишта имаат далеку помалку шанси да најдат работа во споредба со оние со општо средно образование.

Поврзани написи

Loading

Без изгледи за работа, младите се принудени да побараат други начини за да дојдат до приход. Тие, честопати се свртуваат кон црниот пазар или криминални активности. Во Србија младите генерации има двапати повеќе шанса да се вклучат во црниот пазар во споредба со постарите.

Голем број млади луѓе, исто така, ги напуштаат своите татковини за да добијат добро образование, да најдат соодветно платена работа и да изградат кариера. Овој „одлив на мозоци“ во регионот станува скоро онолку сериозен проблем колку и самиот фактор на невработеноста. Во Косово повеќе од половина од младата популација бара да емигрира во Западна Европа, САД или Канада, во надеж дека ќе изгради кариера.

Студиите на Светската банка покажуваат дека проблемот со невработеноста на младите може да се реши со создавање нови работни места, што бара подобра инвестициона клима. Главните пречки за инвестициите, и последователно за, отворањето работни места се преобемните пазарни регулативи, административните бариери и високите даноци, вели Банката.

Ако овие високи стапки на невработеност продолжат, тие ќе влијаат на социјалната и економската динамика на спротивен начин, што може да ги попречи заложбите на регионот за влегување во одржлив економски развој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласаj

Loading

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Која социјална мрежна алатка ја користите најчесто?

Facebook
Poznanici
Hi5
Ibox
Друго



Види ги резултатите Додадете коментар (16)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's