Црна Гора доживува бум во странските инвестиции

17/07/2007

Црна Гора, најновата земја во светот, привлекува сé повеќе странски инвестиции. Преку туризмот, индустријата и недвижностите, земјата се рангираше на третото место во Европа во поглед на инвестициите по глава на жител.

Од Недељко Рудовиќ за Southeast European Times во Подгорица –17/07/07

photo

Градењето хотели и зголемениот број туристи го прават туризмот во Црна Гора втор по големина магнет за инвестициите. [Архива]

Како резултат на слободната пазарна економија и ниските даноци, Црна Гора дови 505 милиони евра од Странските директни инвестиции (СДИ) минатата година. Според експертите, СДИ се очекува да се зголеми на 850 милиони евра оваа година -- и да продолжи прогресивно да расте.

Со население од 620.000 Црна Гора е трета во Европа во поглед на инвестициите по глава на жител, по Естонија и Чешка.

„Зголемените инвестиции покажуваат дека имаме добри изгледи за понатамошен развој. Според нашите проценки, висината на СДИ оваа година ќе изнесува 850 милиони евра“, рече директорот на Црногорската агенција за промовирање на инвестициите (МИПА), Петар Ивановиќ. „Странските инвестиции се во константен пораст од 2004 година.“

Најголемите инвестиции во земјата произледуваат од финансискиот сектор. Нови инвестициони фондови, добро познати банки и брокерски куќи влегоа на црногорскиот пазар.

Според МИПА, туризмот е на второто место во поглед на привлекувањето на инвестициите, со изградбата на нови или реконструирање на постојните хотели. Со оглед на тоа што црногорската економија се базира главно на туризмот, сé поголем број странски гости -- околу 450.000 -- се очекува да го посетат црногорскиот брег оваа година, 30 отсто повеќе од минатата година. Повеќе од половина милион туристи се очекуваат од поранешните југословенски републики -- Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

„Ако сакаме да развиваме елитен туризам, мораме да го подобриме нашиот угостителски сектор“, рече Ивановиќ.

Индустријата е трета во поглед на привлекувањето инвестиции, додека транспортниот сектор е на четвртото место.

Норвешки „Стааткрафт“ е подготвен да инвестира почетна сума од 1,5 милијарди евра во црногорскиот енергетски сектор. „Планот е да се изградат нови хидроцентрали, со цел Црна Гора да стане енергетски извозник. Покрај тоа, претпријатието со седиште во САД, „Бечтел“, планира да инвестира во патната инфраструктура низ цела Црна Гора“, рече Ивановиќ.

На домашен план, некои велат дека има премногу руски инвестиции. Руската Федерација ја купи фабриката за алуминиум во Подгорица и рудникот за боксит во Никшиќ. Сепак, според Ивановиќ, Црна Гора не треба да ја скратува инвестиционата слобода на странските инвеститори.

Поврзани написи

Loading

„Скратувањето на инвестиционата слобода е дискриминација. Важно е да се запомне дека странските инвеститори не усвојуваат закони, тие не се во парламентот, во владата и во нејзините агенции. Тие не се одговорни за правилата“, рече тој.

Сите големи инвестиции во новата држава се очекува да привлечат еден вид полично инвестирање. Со подобрување на инфраструктурата во областа, со вложување на парите во патиштата, аеродромите и железничките пруги, голем број поединци не ги испитуваат можностите за недвижности во земјата.

Според извештајот минатата недела на експертите за недвижности од „Колиерс интернешнал“, развојот на недвижностите во Црна Гора се зголеми за 400 отсто -- поттикнат од инвеститорите од Велика Британија и Русија.

Овој константен тренд во имотните инвестиции се случува веднаш по извештајот на Светскиот патнички и туристички совет, според кој Црна Гора се очекува да стане патничка и туристичка економија со најбрз раст во светот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар