Aлбанија се бори да избере претседател

10/07/2007

Пред закажаниот нов круг гласање за претседател во вторник вечер, партиите и понатаму се поделени. Мнозинството сака опозицијата да ги прифати нивните услови, додека опозицијата врши притисок за предвремени избори.

Од Ерлис Селимај за Southeast European Times во Тирана – 10/07/07

photo

Претседателскиот кандидат Бамир Топи гласа на изборите за нов претседател во земјата, во неделата (8-ми јули) во Тирана. [Getty Images]

Политичките партии во Албанија се борат да најдат консензуален претседател за земјата. Вториот круг гласање е закажан за вторник вечер (10-ти јули) во парламентот. Во овој круг, како и во последниот што се одржа во неделата вечер, има двајца кандидати -- кандидатот на владејачката коалиција, претставникот на Демократската партија (ДП) Бамир Топи и поранешниот претседател на Социјалистичката партија, Фатос Нано.

Во првите два технички круга од гласањето -- што се одржаа минатата недела -- немаше кандидати, и затоа кругот во вторник е официјално втор круг.

Претходните преговори помеѓу опозицијата и мнозинството резултираа со договор албанскиот претставник во НАТО, генерал Арјан Заими, да биде заеднички кандидат на владејачките и опозициските партии. Но, договорот пропадна откако владата инсистираше договорот да вклучува согласност за реформите, од кои се едната се скусува мандатот на државниот обвинител Теодори Шолаку на пет години.

Функцијата на Шолаку е доживотна и може да биде укината само од претседателот. Бериша го обвини државниот обвинител за корупција и сака тој да биде отстранет од фунцијата, потег кој актуелниот претседател Алфред Мојсиу не сака да го преземе.

Поврзани написи

Loading

За време на преговорите за договор, Бериша го комбинираше прашањето на номинирање на консензуален претседател со неговата сопствена агенда за скратување на мандатот на Шолаку -- потег кој предизвика бурни реакции кај опозицијата. Шефот на парламентарната група на социјалистите, Бен Блуши, рече дека премиерот не го следел протоколот кога го поврзал претседателското прашање со мандатот на државниот обвинител.

„Ние не баравме консензус за ова прашање. Кога седнавме на тркалезна маса, ние не почнавме преговори за државниот обвинител, туку за претседателот. Откако постигнавме консензус, нам [ни беше претставен] условот: Дајте ми го државниот обвинител, за да го добиете претседателот“, рече Блуши.

На изборите во неделата Топи доби 75, а Нано три гласа -- на победничкиот кандидат му треба мнозинство од 84 гласови во парламентот од 140 места. Социјалистите, предводени од градоначалникот на Тирана, Еди Рама, го бојкотираа гласањето. „Социјалистите ги палат моторите за предвремени избори“, рече Рама по гласањето.

Ако парламентот не успее да избере претседател во пет круга, земјата ќе мора да одржи општи избори во рок од 60 дена, според уставот. Процесот мора да заврши пред 24-ти јули, кога истекува мандатот на Мојсиу.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар