РС, СИПА и ЕУПМ се здружија за безбедноста на комеморацијата за Сребреница

10/07/2007

Полициските агенции, во заедничка соработка, ќе се погрижат за безбедносните мерки за 12-годишнината од масакрот во Сребреница. Повеќе од 1.000 луѓе почнаа да се движат кон местото на најголемиот масакр во Европа по Втората светска војна.

Од Влатко Вукотиќ за Southeast European Times во Бања Лука -- 10/07/07

photo

Полицијата на СИПА ќе му се приклучи на контингентот полицајци на Република Српска и на полицијата на ЕУПМ за безбедноста на комеморацијата. [Архива]

Вкупно 1.000 полицајци од Република Српска (РС), полициската мисија на ЕУ (ЕУПМ) и Државната агенција за истраги и безбедност (СИПА) ќе се погрижат за безбедноста на 12-годишнината од комеморацијата за Сребреница во Босна и Херцеговина (БиХ) в среда (11-ти јули).

Масакрот во Сребреница, кој Меѓународниот суд на правдата во март го прогласи за геноцид, ќе биде обележан со десетици илјадници присутни, вклучувајќи го и обвинителот на ОН за воени злосторства, Карла дел Понте, и поранешниот висок претставник во БиХ, Кристијан Шварц-Шилинг. Ќе бидат закопани остатоците на 446 жртви на масакрот -- кои беа идентификувани минатата година.

Безбедноста на комеморацијата беше предмет на несогласување минатиот месец, кога Шварц-Шилинг објави дека за тоа ќе се погрижи државата, наместо РС, која беше задолжена претходните години. Србите рекоа дека ќе одбијат го спроведат мандатот.

Новиот висок претставник Мирослав Лајчак, кој ја презеде функцијата минатата недела, ги повика локалните водачи да ги намалат тензиите околу ова прашање. „Ќе биде штетно за граѓаните на БиХ ако некој почне да прави политичка агенда на оваа трагедија“, рече словачкиот дипломат.

Безбедносниот план беше активиран минатата недела, кога повеќе од 1.000 луѓе, вклучувајќи ги и преживеаните од масакрот во 1995 година, почнаа тридневен марш од Сапна, во близина на Тузла, до Сребреница. Учесниците на маршот ќе запираат на секоја од 39-те масовни гробници откриени по војната. Заедно со граѓаните на БиХ, Французи, Германци, Холанѓани и Унгарци се приклучија на кампањата.

Поврзани написи

Loading

„Европската полиција ќе распореди десет мобилни тима во областа на Сребреница. Овие тимови ќе соработуваат со колегите од полицијата на РС и другите агенции во спроведувањето на законот, за сите настани да поминат во ред“, рече оперативниот советник на ЕУПМ за Сребреница, Јерге Силкенат.

По состанокот минатата недела со претставниците на здруженијата на жртвите и преживеаните, Лајчак рече дека злосторниците од Сребреница мора целосно да бидат изведени пред лицето на правдата и дека мора да се создадат услови за сите граѓани кои сакаат да се вратат во нормален живот.

Пред овогодинешната комеморација, УНДП одржа конференција за развојот на Сребреница. Федерацијата на БиХ, Србија, Канада, Грција и Холандија, Министерскиот совет на БиХ и округот Брчко ветија 36,5 милиони евра помош за Сребреница во текот на следните три години, на состанокот од 3-ти јули.

Покрај ова, Турција, Јапонија, Пакистан, САД и Норвешка, најавија инвестиции за развој на Сребреница, социјални прашања и отстранување на нагазните мини.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар