Со „Киро“ наспрема „Јубито“ политиката влезе во нова ера

28/06/2007

Јавните личности сега мора да водат сметка за видео-снимките, откако еден хрватски министер го искуси потешкиот пат.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 28/06/07

photo

Опозицијата побара од хрватскиот министер за внатрешни работи, Ивица Кирин, да поднесе оставка. [AФП]

Хрватските социјалдемократи овој месец побараа оставка од министерот за внатрешни работи на земјата, обвинувајќи го дека ги прекршил законите во обид да открие кој поставил видео-клипови од неговите интервјуа и говори на „ЈуТјуб“. Актуелната сага ја фасцинираше земјата, но ја загрижи владата на премиерот Иво Санадер.

Ивица Кирин е најмладиот член на кабинетот на Санадер. Во политичките емисии во кои е гостин, тој се обидува да ги објасни проблемите со кои се соочува неговото министерство и резултатите постигнати досега. Главните теми се организираниот криминал и корупцијата.

Но, за време на интервјуата, Кирин се искажува на конфузен начин. Неговите гафови нашироко се коментираат во медиумите, а од неодамна се појави и видео-снимка на „ЈуТјуб“ -- со додаден хумористичен коментар.

За една недела клипот на „ЈуТјуб“ привлече повеќе од 250.000 гледачи. Хрватските медиуми го прогласија „Киро“ за ѕвезда на Интернетот. Но, на министерот не му беше смешно.

Во интервјуто што следеше, од Кирин беше побарано да даде коментар за изненадната Интернет популарност. Тој одговори цинично дека анонимните реклами мора да се генијални, а потоа погрешно го изговори името на „ЈуТјуб“.

Додека Кирин продолжи да коментира за „Јубито“ (ју-би-ту), стана јасно дека тој никогаш не чул за веб-страницата. Интернет-заедницата слатко се забавуваше, а Кирин доби нов прекар. Во продажба во продавниците и на Интернет се најдоа маици, шољи, па дури и долна облека со „Јубито“.

Ситуацијата го натера министерот да преземе законски дејства -- велејќи дека намерно погрешно го изговарал името и дека сака да го заштити „Јубито“ како своја интелектуална сопственост.

Поврзани написи

Loading

На крајот од мај, приказната почна да зазема посериозен правец, делумно и поради својот политички контекст. Во ноември Хрватите ќе излезат на гласање на општите избори. За првпат откако ја освои власта во 2003 година, Санадер и неговата владејачка партија ХДЗ заостануваат зад социјалдемократите.

Фијаското на „ЈуТјуб“ не помогна и Кирин тврди дека има докази оти опозицијата стои зад снимките. Со коментарите за медиумите тој покажа дека ги барал серверите на „ЈуТјуб“.

Сепак, неговиот став му создаде нови проблеми. Ако Кирин навистина започна истрага, каде добил овластување за тоа? Пратениците на СДП сега го обвинуваат Кирин дека ја искористил својата позиција и полициските средства за лична акција против сајбер-мачителите. Кирин повторно мораше да го објаснува очигледниот гаф. Тој ги обвини новинарите за погрешно толкување на неговите зборови.

Сега тој не дава интервјуа и избегнува да се појавува во јавноста. Сепак, славата на Кирин не е веќе поврзана само со „ЈуТјуб“. Тој сега се појави на уште една популарна веб-страница „Боинг боинг“. Досега министерот не дал коментар.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар