Уште еден Србин, клучен осомничен за воени злосторства, пренесен во Хаг

18/06/2007

Предавањето во неделата на поранешниот генерал на српската полиција, Властимир Ѓорѓевиќ, на Трибуналот на ОН за воени злосторства, ги зголеми надежите дека преостанатите бегалци што ги бара Хашкиот суд, исто така, ќе бидат наскоро фатени.

(ДПА, Индипендант - 18/06/07; AП, АФП, Ројтерс, ДПА, ББС, СНН, РФЕ/РЛ, УПИ, Бета, Б92, Балканска мрежа на истражувачко новинарство - 17/06/07)

photo

Помеѓу преостанатите обвинети што се наоѓаат на слобода е и поранешниот политички водач на босанските Срби, Радован Караџиќ (десно), и неговиот воен командант, Ратко Младиќ. [Getty Images]

Поранешниот генерал на српската полиција беше предаден на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во неделата (17-ти јуни), неколку часа откако беше уапсен во Црна Гора.

Властимир Ѓорѓевиќ, кој беше заменик-министер за внатрешни работи и јавна безбедност на Србија до јануари 2001 година, исчезна подоцна истата година по откривањето на масовната гробница со остатоците на стотици косовски Албанци. Тој беше обвинет од страна на МКТЈ во октомври 2003 година, за злосторства против човештвото и кршење на законите или обичаите на војувањето, за убиства, депортирање и други нехумани дејства врз етничките Албанци за време на конфликтот во Косово во периодот 1998-1999 година.

Уште шест други поранешни високи функционери што се соочуваат со слични точки од заедничкото обвинение со Ѓорѓевиќ, се веќе на судење во Хаг.

Ѓорѓевиќ, за кого многумина веруваа дека се крие во Русија, беше уапсен рано во неделата во црногорскиот туристички центар Будва.

„Тоа беше заедничка акција на српската и црногорската полиција и Хашкиот трибунал“, рече Расим Љајиќ, српски министер задолжен за соработката со МКТЈ.

Според белградското радио Б92, Ѓорѓевиќ живеел во Будва под лажен идентитет како Новица Караџиќ од 2004 година. Пуштил брада и работел како градежен работник таму веќе подолго од два месеци.

Претходно овој месец уште еден бегалец обвинет за воени злосторства -- поранешниот генерал на босанските Срби Здравко Толимир -- беше фатен и предаден на Хаг, што резултираше со позитивен извештај на главната обвинителка за воени злосторства Карла дел Понте. Нејзината оценка го отвори патот за ЕУ да ги продолжи предпристапните разговори со Србија.

Портпаролот на МКТЈ Антон Никифоров во неделата ги пофали „црногорската полиција и српските власти за уште една успешна операција“.

Поздравувајќи ја веста за апсењето на Ѓорѓевиќ, официјалните претставници на ЕУ ја истакнаа потребата преостанатите четворица бегалци обвинети за воени злосторства, меѓу кои и поранешниот политички водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, и неговиот воен командант, Ратко Младиќ, да се соочат со правдата во Хаг. Брисел јасно стави до знаење дека завршувањето на разговорите за Договорот за стабилизација и асоцијација со Србија зависи од екстрадицијата на сите обвинети од страна на МКТЈ на нејзина територија.

Поврзани написи

Loading

Портпаролката на шефот за надворешна политика на ЕУ Хавиер Солана, Кристина Галах, го опиша апсењето на Ѓорѓевиќ како „извонреден чекор“ кон постигнувањето на таа цел и како „одлична вест во поглед на односите на Србија со Европската унија“.

Сличен коментар даде и портпаролката на комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, која рече дека потегот од неделата претставува „добар знак“.

Во меѓувреме, Дел Понте според широкото очекување треба да ја истакне зголемената српска соработка со Трибуналот на ОН в понеделник, кога ќе го претстави својот последен извештај за обвинителската работа на МКТЈ пред Советот за безбедност на ОН, пред да се повлече од функцијата во септември.

„Нејзиниот извештај ... ќе вклучува сé што се случува ... како што е апсењето на Толимир, достапноста до документите и, се разбира, апсењето на Ѓорѓевиќ“, рече нејзината портпаролка Олга Кавран.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласаj

Loading

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Која социјална мрежна алатка ја користите најчесто?

Facebook
Poznanici
Hi5
Ibox
Друго



Види ги резултатите Додадете коментар (16)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's