Aлбанската влада го одобри рамниот данок од 10 отсто

04/06/2007

Заложниците за овој потег велат дека истиот ќе привлече инвеститори, ќе ја намали даночната евазија и ќе го охрабри легализирањето на „сивата економија“.

Од Јолинда Кочи за Southeast European Times во Тирана – 04/06/07

photo

Албанскиот премиер Сали Бериша беше силен поддржувач на спроведувањето на рамкиот данок. [Getty Images]

Како потег чија цел беше создавање поповолна инвестициска клима и создавање на поконкурентна економија, албанската влада минатата недела го одобри фискалниот пакет кој вклучува воведување на рамкиот данок од 10 отсто -- најниско ниво во Југоисточна Европа. Корпоративните даноци, исто така, ќе бидат намалени на 10 отсто.

„Фискалната револуција, вклучувајќи ги и регулаторните реформи, ќе биде побрза од предвиденото -- зголемувајќи го БДП и извозот“, рече премиерот Сали Бериша по одобрувањето на законите во средата (30-ти мај).

Застапниците за овој потег велат дека истиот ќе донесе повеќекратна полза. Покрај привлекувањето директни странски инвестиции, ова ќе го охрабри и легализирањето на сивата економија и ќе ја поедностави наплатата на даноците. Економската активност се зголемува, како и чесното пријавување на приходите, додека даночното затајување се намалува.

Во земјите кои го воведоа рамниот данок, резултатите покажаа стабилно зголемување на даночните приходи во текот на првата година, според претседателката на Јадранскиот институт за јавна политика, Наташа Срдоч-Сами.

Но, критичарите велат дека од промените, главно, ќе имаат корист бизнисмените и богатите, а мало ќе биде влијанието за повеќето Албанци и истите ќе ги казнат сиромашните. Со укинување на прогресивниот даночен систем, велат тие, на лицата што заработуваат малку ќе им се зголемат даноците, додека мал број луѓе, што заработуваа многу, ќе уживаат во добивката.

Во меѓувреме, намалувањето на корпоративниот данок на половина ќе го исцрпи државниот буџет, со оглед на тоа што приходите од овој данок моментно сочинуваат околу 8 отсто од вкупниот приход, тврдат критичарите.

Во рамките на фискалниот пакет, владата, исто така, одобри закон кој ги забранува кеш трансакциите на повеќе од 2.228 евра за бизнисите. Одобрените кеш трансакции ќе бидат ограничени на 10 отсто од секоја трансакција.

Законите се „основен услов во борбата протов неформалноста и за понатамошно консолидирање на банкарскиот систем“, рече Бериша, додавајќи дека иницијативата „ќе придонесе за борба против перењето пари“.

Владата се надева на спроведување на легислативата до јануари 2008 година. Сепак, парламентот мора најпрво да ја одобри.

Владата предводена од Демократската партија веќе воведе различни даночни намалувања во текот на изминатите две години. Најважни меѓу нив беа намалувањето на придонесите за социјалното осигурување од бизнисите, од 29 на 20 отсто, и намалување на даноците на малите бизниси.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading