24/05/2007
Големата потреба за лекари во ЕУ, заедно со екстремно ниските плати на лекарите во Романија, донесе нов предизвик -- заминување на многу потребните лекари на запад.
Од Пол Чиочиу за Southeast European Times во Букурешт -- 24/05/07
![]() Лекарите во Западна Европа заработуваат скоро десетпати повеќе од нивните романски колеги. [AФП] |
Повеќе од 50 отсто од романските лекари и 75 отсто од лекарите-специјалисти планираат да ја напуштат земјата и да ја продолжат својата пракса во Западна Европа, покажа едно истражување на Медицинскиот колеџ на округот Иаси. Со оглед на тоа што Романија влезе во ЕУ на 1-ви јануари, околу 1.900 лекари и 1.100 медицински сестри аплицираа за верификација на сертификатите, што ќе им овозможи да работат до друга земја-членка на ЕУ. Со оглед на големата потреба од лекари во Романија, особено во руралните области, ситуацијата е алармантна.
Истражувањето на Иаси покажа дека 61 отсто од лекарите ја опишале реформата во здравствениот систем на земјата како неподвижна, 21 отсто сметаа дека реформата ќе биде неефикасна, додека само 19 отсто сметаа дека реформата ќе направи разлика.
Околу 48 отсто од лекарите велат дека финансиите остануваат голем проблем во романскиот здравствен систем, додека 40 отсто сметаат дека проблемот е во начинот на кој здравствениот систем е организиран. Некои лекари го наведоа недостатокот од медицинска опрема како централен проблем, додека други сметаа дека е виновна корупцијата во системот.
Од испитаните лекари, 26 отсто рекле дека заработуваат помеѓу 200 и 300 евра месечно, 24 отсто рекле дека заработуваат помеѓу 150 и 200 евра и 15 отсто рекле дека заработуваат повеќе од 500 евра месечно. Во споредба со почетната плата на стажант во Германија, која изнесува околу 1.800 евра месечно, еден лекар во Романија заработува десетпати помалку од колегите во Западна Европа.
Друга мотив е тоа што постои голема потреба за различни лекари-специјалисти во Европа. Шпанија објави дека на нејзиниот здравствен систем му недостасуваат скоро 3.000 лекари, а на Велика Британија й требаат 400 заболекари. Со оглед на тоа што Романија е нова земја-членка, универзитетските дипломи се акредитирани во ЕУ, што, од друга страна, го овозможува сегашниот егзодус.
Здравството на ЕУ, исто така, се соочува со два големи проблеми: сé поголем е бројот на пациентите што бараат лекарски третман во странство, иако истиот го покрива здравственото осигурување во нивните земји, како и недостатокот од лекари. Постојаната комисија на европските лекари објави дека ЕУ мора да ја промени својата политика во поглед на здравствениот систем и миграцијата на медицинските професионалци, за да избегне поголема криза.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's