Судењето на поранешните генерали се очекува да биде тест за хрватското судство

09/05/2007

Двајцата пензионирани хрватски генерали -- Мирко Норац и Рахим Адеми -- ќе бидат судени следниот месец за воени злосторства.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб – 09/05/07

photo

Поранешниот хрватски генерал Рахим Адеми. [АФП]

Судењето на двајцата пензионирани хрватски генерали -- Рахим Адеми (52) и Мирко Норац (40) е закажано за 18-ти јуни. Многумина ова го сметаат за најголем тест со кое досега се соочило хрватското судство.

„Судењето ќе има девет рочишта пред летната пауза“, објави портпаролот на загребскиот жупански суд Крешимир Девчиќ. „Само обвинителите и одбранбените тимови на генералите се повикани на првите рочишта, додека сведочењата на сведоците ќе уследат по летото.“

Случајот, кој се однесува на воените злосторства наводно извршени за време на операцијата во септември 1993 година во т.н. Медачки џеб, беше првиот што го истражи Трибуналот на ОН во Хаг за воени злосторства, но подоцна му беше предаден на хрватското судство.

„Ова е првиот случај што Хашкиот трибунал му го предаде на хрватското судство, и ние ќе го следиме со интерес. Ова е уште еден тест-случај за тоа дали локалното судство е доволно зрело“, рече претставник на Европската комисија во Загреб. „За разлика од минатото, овојпат ние не очекуваме какви било протести или митинзи од страна на десничарските групи или воени ветерани и тоа е добар знак“, додаде претставникот.

Хрватска, сега кандидатка за членство во ЕУ, има лоши резултати од минатото во поглед на судењето на случаите на воени злосторства. Со судењето Адеми-Норац судството има шанса да покаже дека е доволно зрело да се справи со вакви случаи.

Обвинителите од Трибуналот на ОН ги следат судските процеси. Ако тие одлучат, во кој било момент, дека случајот не се води соодветно, тие имаат надлежност да го вратат во Хаг.

Според обвинението, Адеми и Норац „планирале, поттикнале, наредиле, извршиле или на друг начин помогнале во планирањето, подготвувањето или извршувањето на прогонот на српските цивили од Медачки џеб врз расни, политички или верски основи“.

Околу 400 српски цивили живееја таму пред да почне нападот на хрватската војска на 9-ти септември. Според обвинението „Медачки џеб стана непогоден за живеење“ како резултат на операцијата.

Поврзани написи

Loading

„Селата во Медачки џеб беа целосно уништени, со што српското цивилно население беше лишено од домовите и егзистенцијата“, пишува во истото.

Заради нивните рангови, Адеми и Норац „имале моќ, власт и одговорност да ги спречат или да ги казнат сериозните прекршувања на меѓународниот хуманитарен закон, извршени за време на операцијата Медачки џеб“, се вели во обвинението.

Норац веќе одлежа 12-годишна казна за воени злосторства против српските цивили. Неговото апсење и судење во 2001 година предизвика антивладини протести.

На Адеми, кој доброволно му се предаде на Хаг, му е забрането да го напушти местото на живеење или да разговара со новинари, додека го чека судењето.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар