„Готовина“ ќе го следи патот на осомничениот за воени злосторства

01/05/2007

Ќе се снима американски документарен филм за животот и кариерата на Анте Готовина, пензионираниот хрватски генерал кој се соочува со обвиненија за воени злосторства во Хаг.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 01/05/07

photo

Филмот ќе го прикаже животот на пензионираниот хрватски генерал Анте Готовина. [Pirate Town Productions]

Филмското претпријатие со седиште во Калифорнија „Пират таун продакшн“ подготвува документарен филм за животот и воената кариера на пензионираниот генерал-полковник на хрватската армија Анте Готовина. Генералот, кој го чека судењето во Хаг, е обвинет за воени злостората и злосторства против човештвото, извршени за време на операцијата „Бура“ во 1995 година.

Режисерот на „Готовина“ е новинарот од Сан Педро со хрватско потекло, Џек Бариќ. Тој одлучил да го направи овој филм бидејќи смета дека биографијата на Готовина -- која вклучува наводен грабеж и изнудување, работењето во обезбедувањето на францускиот десничарски политичар Жан-Мари Ле Пен и ангажманот во обуката на латиноамерикански паравоени групи -- е интригантна.

Бариќ и неговите партнери имаат снимено неколку документарни филмови за мешаните американски заедници. Филмските критичари го поздравуваат нивниот пристап на „мешавина“. Бариќ рече дека „Готовина“ ќе биде прво претставен на филмскиот фестивал „Санденс“.

Филмот „го следи патот на војната во поранешна Југославија, од почетокот на јули 1991 година до офанзивата на операцијата „Бура“ во август 1995 година, со намера да одреди дали хрватскиот генерал Анте Готовина е виновен за воени злосторства“, според веб-страницата на филмското претпријатие. „Покрај тоа, филмот ќе ги обработува и различните политички иницијативи на ОН, Велика Британија и САД, да се стави операцијата „Бура“ во соодветен контекст во рамките на војната во Хрватска и во Босна.“

Поврзани написи

Loading

Екипата снима интервјуа во Хаг, Загреб, Сараево, Лондон, Париз и Белград. Повеќе од 20 високи функционери, активисти на невладини организации и експерти за воени злосторства, се интервјуирани досега. Екипата, исто така, помина неколку денови во областа на Книн, регион што беше под команда на Готовина за време на операцијата „Бура“. Тие разговараа со сведоците и бегалците -- од хрватска и од српска етничка припадност -- кои се вратиле во своите домови.

Деведесетминутниот документарен филм нема само да се фокусира на враќањето на Готовина во Хрватска за време на конфликтот, туку и на неговите години во Француската легија на странци.

Во Хрватска документарниот филм предизвика голем интерес кај јавноста, со оглед на тоа што е прв филм за Готовина. И покрај тоа што хрватските режисери искажаа интерес за снимање филм за неговиот живот, досега никој не го стори тоа.

„Пират таун продакшн“ контактираше со Готовина за учество во филмот, но тој мораше да одбие поради безбедносните правила во затворот Шевенинген.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар