Претставник: Советот за безбедност нема да брза со решението за статусот на Косово

30/04/2007

Делегацијата на Советот за безбедност на ОН ја заврши својата дводневна мисија на утврдување на фактите за Косово во саботата и рече дека на телото од 15 нации ќе му треба повеќе време за да ја донесе одлуката за иднината на покраината.

(AП, АФП, Интернешнал хералд трибјун, Бета, Б92 - 29/04/07; Ројтерс, ДПА, РФЕ/РЛ, прес-центар на ОН, влада на Србија - 28/04/07; Балканска мрежа на истражувачко новинарство - 27/04/07)

photo

Водачите на Косовскиот тим на единство (десно) се состаа со делегацијата од 15 члена на Советот за безбедност на ОН во петокот (27-ми април) во Приштина. [Getty Images]

Делегација на Советот за безбедност на ОН го напушти Косово во саботата (28-ми април), по дводневната мисија на утврдување на фактите. Шефот на делегацијата, белгискиот амбасадор Јохан Вербеке, рече дека процесот за решавање на идниот статус на покраината не може да се избрзува.

„Одлучувањето за важните прашања никогаш не треба да биде заложник на крајните рокови“, изјави тој за новинарите на прес-конференцијата во саботата во Приштина.

Петнаесет амбасадори на ОН пристигаа во Косово по разговорите во четвртокот со официјалните претставници во Белград.

Посетата на регионот ја предложи Русија, една од петте постојани членки на Советот за безбедност. Москва ја поддржува Србија во нејзиното противење на предлогот за статусот на Косово што го претстави финскиот претседател Марти Ахтисари, со кој се предвидува „надгледувана независност“.

Белград се противи на независноста и инсистира на задржувањето на одредена сувереност над покраината. Во саботата српската влада издаде соопштение во кое се залага за „надгледувана автономија“ како компромисно решение.

Косовските Албанци -- 90 отсто од населението во покраината од вкупно два милиони -- го прифатија планот на Ахтисари. Претставниците на заедницата, кои се состанаа со амбасадорите на ОН, изразија надеж дека тие ќе ги поддржат неговите предлози.

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу за новинарите изјави дека независноста на покраината ќе ја загарантира сабилноста на целиот регион.

„Елабориравме зошто Косово мора да биде независно и зошто не може да има други решенија“, извештаите во петокот ја цитираа изјавата на Сејдиу. „По оваа посета, време е да се реши статусот на Косово“, додаде тој.

Турнејата низ покраината на амбасадорите на ОН вклучуваше посети на поделениот град Митровица, српското село Свињаре и српската населба во градот Ораховац. Тие, исто така, ја посетија Мала Круша, каде што беа убиени 116 албански мажи од страна на српските војници во 1999 година.

Арсим Шеху, косовски Албанец кој загубил 40 членови од своето пошироко семејство рече: „Се надеваме дека тие ќе го потврдат она што Србите го сторија ... Ние не можеме повеќе да живееме со нив.“

Поврзани написи

Loading

Во извештајот на Интернешнал хералд трибјун од неделата се цитира изјавата на премиерот Агим Чеку дека Косово ќе може да прогласи независност „до крајот на мај“.

„Нашите пријатели кои се реални и земјите што учествуваат со војници, пари и осумгодишен ангажман тука, и кои планираат да бидат присутни, сакаат да се стави крај на овој нерешен статус“, рече Чеку.

Американскиот помошник државен секретар Даниел Фрајд се чини дека ги споделува очекувањата на Чеку. На прес-конференцијата во саботата на Брисел официјалниот претставник на ОН изјави дека подготвувањето на новата резолуција за Косово ќе започне набргу по враќањето на делегацијата на Советот за безбедност од нејзината посета на Балканот. Тој, исто така, изрази надеж дека Русија ќе има конструктивен пристап на ова прашање.

„Ние се надеваме дека Русија сфаќа оти Косово ќе биде независно на овој или оној начин“, рече Фрајд. „Тоа ќе биде сторено или на контролиран, надгледуван начин што ќе биде добар за српскиот народ, или ќе се случи на неконтролиран начин и косовските Срби најмногу ќе страдаат, што би било ужасно.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар