Хрватска доби препорака да ги забрза реформите потребни за ЕУ

26/04/2007

Европскиот парламент во средата посочи дека ќе даде одобрение за влез на Хрватска во ЕУ пред парламентарните избори на ЕУ во 2009 година, ако земјата ги заврши своите разговори за пристап дотогаш.

(Eурактив - 26/04/07; AП, ХИНА, Европски парламент - 25/04/07)

photo

Европскиот парламент го пофали напредокот на Хрватска и ја повикаа да ги забрза неопходните промени. [Архива]

Изразувајќи пофалби за напредокот што Хрватска го постигна досега во своите разговори за пристап со ЕУ, Европскиот парламент (ЕП) ја повика земјата во средата (25-ти април) да ги интензивира напорите за успешно завршување на процесот.

Хрватска ги започна своите преговори за членство со Унијата во октомври 2005 година и се надева дека ќе може да влезе во блокот од 27 нации во 2009 година. Досега земјата отвори разговори за шест од вкупно 35 поглавја од преговорите и, најверојатно, ќе отвори нови пред Португалија да го преземе ротирачкото претседателство на ЕУ од Германија на 1-ви јули.

„Хрватска треба да стори сé што е во нејзина моќ за да ги спроведе неопходните реформи и да може преговорите да завршат навреме за Европскиот парламент да ја даде својата согласност пред следните парламентарни избори за ЕУ во јуни 2009 година“, се вели во резолуцијата на ЕП од средата во врска со извештајот за напредокот на оваа балканска земја во процесот на пристап во 2006 година.

Во извештајот, што го подготви известувачот на ЕП за Хрватска, Ханес Свобода, се истакнува дека и покрај тоа што клучните делови од легислативата во најважните области како што се јавната администрација, судската администрација и антикорупциската политика се усвоени, потребни се повеќе напори во овие и во други области.

„Треба да се направи повеќе“, АП ја цитираше изјавата на германскиот заменик-министер за надворешни работи Гинтер Глосер, пред европратениците. „Корупцијата е сé уште сериозен проблем. Реформските напори треба да се забрзаат. Хрватска има уште многу работа да заврши.“

Истакнувајќи дека „отворена, конкурентна пазарна економија е суштинското барање за членство во ЕУ“, ЕП побара од Хрватска да ги исполни договорените цели во врска со продажбата на државните претпријатија и намалувањето на државните субвенции, особено во бродоградежништвото и претпријатијата за челик. Пратениците, исто така, побараа од Загреб да ги спроведе мерките што ќе им овозможат на граѓаните на ЕУ да купуваат недвижности. Хрватска треба, исто така, да преземе чекори за усогласување на својата политика за животната средина со стандардите на ЕУ.

Истакнувајќи ја потребата од целосна соработка на Хрватска со Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, европратениците го критикуваа Загреб поради тоа што им понуди помош на адвокатите што ги бранат хрватските армиски генерали обвинети за воени злосторства.

Поврзани написи

Loading

Истакнувајќи ја потребата за темелни реформи на судскиот систем, ЕП искажа критики во врска со „континуираните предубедувања кај некој судски персонал против нехрватските државјани“, недостатоците во областа на заштитата на сведоците и назначувањето на судскиот персонал.

Европратениците, исто така, побараа од Хрватска и Словенија да ги исцрпат сите напори за решавање на преостанатите билатерални погранични спорови, предлагајќи да се потпрат само на „помошта на трета страна“ ако не може да најдат решенија.

Коментирајќи во врска со резолуцијата од средата, хрватскиот премиер Иво Санадер рече дека клучно за Хрватска е да добие потврда за својата спогодба за пристап пред истекот на мандатот на ЕП во јуни 2009 година.

„Ако се случи тоа, ќе биде голем успех за Хрватска“, рече тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар