Разговорите ЕУ-РУсија не го решија несогласувањето околу извозот на месо

23/04/2007

Разговорите изминатиот викенд помеѓу претставниците на ЕУ и руските официјални претставници не успеаја да ја убедат Москва да ја укине забраната за полското месо. Тоа, од друга страна, фрли сенка врз изгледите за брзо отпочнување на преговорите за нов партнерски договор помеѓу блокот и неговиот главен снабдувач на енергија.

(ЕУобсервер, Ајриш тајмс - 23/04/07; AП, АФП, Ројтерс, ДПА, ФT - 22/04/07)

photo

„Нашите колеги од Русија ... сметаат дека треба да се направат повеќе чекори“, изјави за новинарите комесарот за здравство на ЕУ, Маркос Кипријану, по разговорите во неделата (22-ри април). [Getty Images]

Дводневните разговори помеѓу претставниците на ЕУ и на Русија завршија во кипарскиот туристички град Лимасол во неделата (22-ри април), при што двете страни не успеаја да го решат долготрајниот спор околу извозот на полското месо.

„Нашите колеги од Русија ... сметаат дека треба да се направат повеќе чекори“, изјави за новинарите комесарот за здравство на ЕУ, Маркос Кипријану, по крајот на преговорите со рускиот министер за земјоделство Алексеј Гордејев. „Нашите експерти ќе продолжат да работат на овие прашања ... и ако има потреба, ние ќе се состанеме на наше ниво повторно“, додаде тој. Москва воведе забрана за увоз на месо од Полска во ноември 2005 година, тврдејќи дека лабавите полски контроли за безбедноста на храната довеле до тоа месото на индијанското бафало да влезе во Русија класифицирано како говедско месо.

„Нашите европски колеги очекуваа повеќе од овие преговори, но нашиот примарен интерес е воспоставувањето на ред на пазарот на месо, особено во поглед на полските производи“, рече Гордејев во Лимасол.

ЕУ смета дека полските власти презеле доволно чекори во врска со загриженоста на Русија за квалитетот и безбедноста на извозот на месо, вклучувајќи ги и земјите од листата на Москва за забранет увоз на месо.

„Позицијата на ЕУ се заснова на постигнатиот напредок. Ние можевме да имаме резултати и денес“, рече Кипријану.

Полска, која пристапи во ЕУ во мај 2004 година, заедно со уште девет други земји од Централна и Источна Европа, смета дека руското ембарго е политички мотивирано. Истото го блокираше почетокот на разговорите за новиот договор за партнерство на ЕУ и Русија. Постојниот договор, кој беше подготвен пред повеќе од една деценија, истекува во ноември.

Полскиот премиер Јарослав Кажински во неделата јасно стави до знаење дека земјата нема „да се согласи да започне разговори со Русија за нов договор“ додека не биде решен спорот.

Поврзани написи

Loading

„Полска не й припаѓа на ЕУ како што Русија гледа на тоа“, додаде тој на прес-конференцијата во северноисточниот полски град Бјалисток. „Русија сака да ги принуди ЕУ и Полска да признаат дека може да прави што сака со новите земји-членки на ЕУ, особено со Полска. Но, не може. Ние добивме целосна солидарност од ЕУ и се надевам дека тоа ќе продолжи.“

Тој го изјави ова помалку од 24 часа пред состанокот на министрите за надворешни работи на блокот со рускиот колега, Сергеј Лавров, во понеделникот во Луксембург. Разговорите се дел од подготовките за самитот ЕУ-Русија во Самара на 18-ти мај, кога на агендата се очекува да доминираат новиот партнерски договор, затегнатото прашање на идниот статус на Косово и човековите права во Русија.

Договорот во Лимасол се очекуваше да резултира со тоа министрите за надворешни работи на ЕУ да дадат зелено светло за почеток на разговорите за новиот пакт. Разговорите ќе покријат широк опсег прашања, вклучувајќи ги и снабдувањата со енергија, енергетската соработка и трговијата.

Но, според Еуопсервер, забраната за руското месо не претставува единствената пречка. Литванија, која, исто така, се приклучи на Унијата во 2004 година, може да стави вето на разговорите за новиот договор, ако Русија не продолжи да ја снабдува со нафта нејзината рафинерија во Мазеикиу.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар