Тројца убиени во напад на издавачка куќа за Библијата во Турција

19/04/2007

Растечкиот национализам и непријателство кон верските малцинства се наведуваат како причина за новиот инцидент во Турција.

(Гардијан, Индипендант, Телеграф - 19/04/07; AП, Ројтерс, ДПА, ББС, ВОА, ФТ, Интернешнал хералд трибјун - 18/04/07)

photo

Повреден маж лежи на носилки пред издавачката куќа во Малатја во средата (18-ти април). [Getty Images]

Тројца вработени во претпријатието што ја печати и дистрибуира Библијата, беа убиени во средата (18-ти април) во Турција, во најновиот напад на малото христијанско малцинство во земјата.

Жртвите -- двајца Турци и еден Германец -- беа пронајдени во зградата на издавачката куќа Зирве во југоисточниот турски град Малатја, со врзани раце и нозе и пресечени грклани. Гувернерот на провинцијата, Халил Ибрахим Дасоз, во телевизиската изјава рече дека еден од Турците бил сé уште жив кога бил пронајден, но починал подоцна во болница.

Германската жртва, идентификувана од страна на државната новинска агенција Анатолија како Тилам Екехарт Геске (46), живеел во Малатја од 2003 година, според официјалниот претставник. Другите две жртви се идентификувани како Неџати Ајдин и Угур Јуксел.

Генералниот менаџер на Зирве, Намза Озант, за СНН-Турк изјави дека жртвите размислувале да побараат полициска заштита, по неодамнешните закани.

Евангелискиот пастор со седиште во Истанбул, Карлос Мадригал, за Ројтерс изјави дека тројцата биле евангелиски протестанти, кои тој ги познавал.

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, чија земја бара членство во ЕУ, но честопати од Брисел добива повици за поголема заштита на слободите на верските и другите малцинства, го осуди нападот, опишувајќи го како „дивјаштво“.

Четворица Турци, на возраст помеѓу 19 и 20 години, беа уапсени под сомневање за вмешаност во инцидентот, а петтиот осомничен е однесен во болница со сериозни повреди што ги претрпел кога скокнал од прозорецот во обид да избегне апсење. Според агенцијата Анатолија, сите тие имале писмо со себе во кое пишувало: „Ние петмина сме браќа. Одиме во нашата смрт.“

На прес-конференцијата емитувана на националната телевизија, министерот за внатрешни работи Абдулкадир Аксу рече дека некои од осомничените носеле оружје.

СНН објави дека уште пет лица се уапсени во четвртокот во врска со убиствата.

Осудувајќи го нападот, германскиот министер за надворешни работи, Франк-Волтер Стајнмаер, чија земја моментно претседава со ЕУ, ги повика турските власти да сторат сé што е во нивна моќ „за целосно да го расчистат ова кривично дело и да ги изведат одговорните пред лицето на правдата“.

Според начинот на кој се извршени убиствата, турските истражители се сомневаат дека напаѓачите е можно да се поврзани со турскиот Хизболах, курдска исламистичка група што се бори да создаде муслиманска држава во југоисточниот дел на Турција, претежно населен со Курди.

„Ова се фанатици кои и понатаму се присутни во Турција и кои моментално се појавуваат со чинови на апсурдно насилство“, рече монсињор Луиџи Падовесе, претставник на Ватикан во Турција.

Поврзани написи

Loading

Новиот инцидент се случи во време на сé поголема загриженост за растечкиот национализам во Турција, каде што еден тинејџер уби еден католички свештеник пред 14 месеци. Неколку месеци подоцна беа нападнати двајца други свештеници. Во друг шокантен инцидент, истакнатиот турско-ерменски новинар Хрант Динк беше убиен пред неговата канцеларија во Истанбул во јануари.

Турската христијанска заедница сочинува помалку од еден отсто од населението на земјата од повеќе од 70 милиони луѓе, од кои најголем дел се муслимани.

„На некој начин ситуацијата е подобрена поради тоа што имаме законски права ... но има делови од општеството кои се радикализираа“, рече Мадригал, чија црква е под полициска заштита од убиството на Динк, кое наиде на широка јавна осуда.

Повеќе од 100.000 Турци присуствуваа на погребот на новинарот во Истанбул. Според извештајот на АП околу 150 луѓе маршираа низ најголемиот град во Турција во средата, во знак на протест поради новите убиства, изразувајќи ја својата солидарност со паролите на кои пишуваше: „Ние сме сите христијани“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар