Професор роден во Романија го жртвуваше својот живот за да ги спаси студентите во пукањето на „Вирџинија Тек“

18/04/2007

Ливиу Либреску го преживеал Холокаустот и потоа станал експерт за механичко инженерство. Во понеделникот тој загина обидувајќи се да им помогне на своите студенти да го избегнат најжестокиот масакр во еден американски кампус досега.

(Nine o'Clock, Ројтерс, Њујорк тајмс, Лос Анџелес тајмс, Дејли рекорд, Тајмс - 18/04/07; AП, УПИ, Чикаго трибјун, ЦНСЊус, HotNews.ro - 17/04/07)

photo

Свеќа и цвеќиња го красат портретот на Ливиу Либреску на Политехничкиот универзитет во Букурешт во вторникот (17-ти април). [Getty Images]

Животите на 32 луѓе згаснаа ненадејно во понеделникот (16-ти април), во пукањето на вооружениот напаѓач во „Вирџинија тек“, најкрвавиот масакр досега во еден американски кампус. Еден од жртвите е и родениот во Романија Ливиу Либреску, со двојно американско и израелско државјанство, кој предаваше механичко инженерство на универзитетот. Преживеаниот од Холокаусот почина херојски обидувајќи се да ги спаси своите ученици.

„Мојот татко му го попречил патот со своето тело и им рекол на учениците да бегаат“, изјави синот на професорот, Џо Либреску, во телефонското интервју за АП во вторникот. „Учениците почнале да ги отвораат прозорците и да бегаат.“

Во коментарот на британски Tајмс од средата се вели дека 76-годишниот професор, кој го посветил својот живот на наставата и истражувањето, спасил најмалку девет животи.

Либреску и неговите студенти биле во училницата на вториот кат од Норис хол на „Вирџинија тек“ кога вооружениот напаѓач, идентификуван како Чо Сеунг-Хуи, 23-годишен студент од Јужна Кореја, го почнал своето дивеење од соседната врата. Сé започна со заглушувачки звук „како огромен чекан“, рече еден студент опишувајќи ги настаните. Тогаш, почнаа да се слушаат викотници и континуирани пукања.

Либреску истрчал до вратата, попречувајќи му го патот на Чо со своето тело и давајќи им на своите студенти време да избегаат скокајќи од прозорците. И покрај тоа што некои се здобиле со фрактури, сепак биле спасени. Но, професорот бил убиен кога Чо насила ја отворил вратата и пукал во него.

„Сигурно бев осмиот или деветтиот кој скокна и мислам дека бев и последниот“, изјави за новинарите Алек Калхун (20).

„Мојот татко покажа храброст застанувајќи зад она во што верува веќе долго време“, рече Џо Либреску.

Роден во семејство на романски Евреи, Либреску беше испратен во логор на принудна работа како момче, откако Романија им се придружи на силите на нацистичка Германија за време на Втората светска војна. Заедно со илјадници други Евреи, тој и неговото семејство беа одведени во централното гето во градот Фоксани.

Околу 380.000 романски Евреи беа убиени од страна на колаборационистичкиот режим за време на војната, според извештајот од 2004 година.

Либреску дипломирал на Политехничкиот универзитет во Букурешт на отсекот механика и авијациска конструкција во 1953 година. Тој подоцна специјализирал комбинирани структури и аероеластичност.

Поради своите израелски симпатии и одбивањето да се заколне на приврзаност на комунистичкиот режим на Николае Чаушеску, тој подоцна доби забрана за каков било контакт со извори надвор од Романија и не смееше да ја напушти земјата.

Сепак, благодарение на личната покана на тогашниот израелски премиер Менахем Бегин, Либреску успеа да замине за Израел, каде што се насели во 1978 година. Набргу потоа тој се вработи на Универзитетот во Тел Авив, предавајќи механичко инженерство таму, до 1985 година. Потоа замина на едногодишно платено професорско отсуство во Вирџинија, одлучувајќи да остане таму.

Поврзани написи

Loading

Романската академска заедница им се придружи на колегите на Либреску во „Вирџинија тех“, во оплакувањето на неговата трагична смрт во вторникот.

„Ова е огромна загуба“, рече Екатерина Андронеску, директорка на Политехничкиот универзитет во Букурешт. „Ние имаме голем респект за начинот на кој тој реагираше и ги бранеше своите студенти со својот живот.“

Автор на голем број публикации, Либреску е добитник на голем број награди за својата работа. Тој доби докторско звање од Романската академија на науките во 1969 година. Неговиот поранешен универзитет му додели почесна награда во 2000 година. Тој е, исто така, добитник на неколку грантови на НАСА.

Колегите го опишуваат Либреску како „брилијантен научник“, „извонредна личност“ и „голем џентлмен“. Тој ја остави зад себе својата сопруга, Марлена, и нивните двајца синови.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласаj

Loading

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Која социјална мрежна алатка ја користите најчесто?

Facebook
Poznanici
Hi5
Ibox
Друго



Види ги резултатите Додадете коментар (16)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's