09/04/2007
Обидот на министерот за култура Илиријан Бекири да забрани една театарска претстава, беше осуден од јавноста, по што уследи негова оставка.
Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје – 09/04/07
![]() Поранешниот министер за култура, Илиријан Бекири. [Toмислав Георгиев] |
По скандалот поради неговата одлука за забрана на едно театарско дело, македонскиот министер за култура поднесе оставка. Обидот за забрана предизвика протести од страна на актерите, медиумите и политичките фигури -- вклучувајќи го и премиерот Никола Груевски -- кој рече дека ја поддржува претставата. Тој негираше каква било вмешаност во обидот за нејзино цензурирање.
Само два дена пред премиерата на 31-ви март на „Тито, сигурни дијаграми на копнежот“, министерот Илиријан Бекири испрати писмо до режисерите и продуцентите, предупредувајќи ги дека пробите и подготовките треба да престанат и дека какви било понатамошни активности ќе бидат казнети.
Оправдувајќи ја забраната, Бекири рече дека претставата е дело на „експонентите на комунизмот во заоѓање“. Тој рече дека „е консеквентен застапник на демократските вредности и немилосрден одбивач на комунистичките вредности“.
Сепак, премиерата се одржа, и Груевски потоа ја прифати оставката на Бекири. Според премиерот, Бекири ги образложил своите ставови и причините за својата одлука, и рекол дека не го променил мислењето.
„Нашата влада не цензурира“, ветил Груевски, додавајќи дека додека тој е премиер, ниту една претстава нема да биде забранета.
Тоа не го убеди опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), чија претседателка, Радмила Шеќеринска, тврди дека Груевски ја наредил забраната.
„Не верувам дека еден министер може да игра автократска игра и да забрани претстава“, рече таа.
Копродукцијата спонзорирана од ЕУ, „Тито..“ сега има закажана европска турнеја. Претставата, која е на текстот на хрватскиот режисер Слободан Шнајдер, е во режија на Македонците, Мартин Кочовски, Дејан Дамјановски и Дејан Прокновски, во соработка со хрватскиот режисер и концептуален предводник Бранко Брезовац.
Според драматургот Горан Стефановски, таа е „сложена, полифонска, театарска, мозаична енциклопедија на слики, тажна и смешна двоиполчасовна трагикомедија, каде што изведувачите пеат и играат и стојат на глава“. На премиерата во Битола, публиката реагираше со десетминутни стоечки овации.
„Важно е дека уметноста победи“, рече режисерот Дамјановски „и покрај разговорите за сé друго освен за театарот во изминативе неколку дена“.
Предложениот нов министер за култура Ариџикмет Џемаили е член на Демократската партија на Албанците (ДПА).
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's