Во БиХ откриени бродови стари еден милениум

29/03/2007

Остатоците од двата илирски пиратски бродови беа пронајдени на околу 8 метри под површината на водата во мочуриште во близина на Мостар, соопштија археолозите.

Од Денис Џидиќ за Southeast European Times во Сараево – 29/03/07

photo

Босанскиот нуркач Есад Хумо ги снима подводно, како што се верува, остатоците на двата илирски бродови кои потонале во мочуриштето Хутово Блато во близина на Мостар пред околу 2.200 години. [Getty Images]

Античките Илири, кои биле распространети на подрачјето на Западен Балкан пред илјадници години, се вели дека биле вешти бродоградители, морепловци и -- најверојатно -- пирати, но немаше материјален доказ за ова ... Сé досега.

Сараевски универзитетски професор и нејзиниот тим велат дека пронашле потонати остатоци од два илирски брода, едно од најсензационалните археолошки откритија на Балканот во последниве години.

„Тие се првите илирски бродови од оваа ера, пронајдени досега“, вели д-р Снежана Васиљ.

Тие се лоцирани на околу 8 метри подводно во мочуриштето Хутово Блато, во близина на јужниот босански град Мостар, и се смета дека биле користени за пиратство, трговија или можеби за двете. Карактеристиките на изгледот, говорат во прилог на нивното илирско потекло, рече Васиљ.

„Познат факт е дека Илирите биле пирати“, рече таа. „Тие краделе од римските и грчките бродови, и ова е вид на брод каков што користеле. Може да претпоставиме дека Илирите биле следени и дека се криеле овде. Најверојатно, биле откриени и потонати.“

Покрај бродовите, тимот на Васиљ откри и повеќе од 70 артефакти, како и еден римски харпун. Седум гробови од илирско племе познато како Даори, беа исто така пронајдени во близина, како и можна илирска колиба.

„Артефактите што ги пронајдовме се, најверојатно, резултат на пљачкосување“, според професорката. И покрај тоа што ископувањата моментно се ограничени на местото на бродовите, таа рече дека тимот планира во иднина да ја испита и пошироката област.

По објавувањето на откритието, полицајци од локалниот реон, беа повикани да го чуваат местото, кое најверојатно било ограбено во изминатите неколку години. Областа „треба веднаш да биде ставена под заштита на државата“, рече Есад Хумо, член на археолошкиот тим.

Моментно се работи на предлогот за тоа, според претседателот на Комисијата за заштита на националните споменици на Босна и Херцеговина, Дубравко Ловреновиќ.

Поврзани написи

Loading

Откритието во Хутово Блато претставува „извонредно и исклучително ретко откритие“, рече Предраг Новаковиќ, генерален секретар на Европското здружение на археолози.

„Според историските податоци, во првиот милениум п.н.е. морепловството и транспортот со бродови веќе бил развиен во источното Јадранско Море, но бродовите во тој период биле исклучително ретки и секој од нив претставувал скапоценост“, изјави тој за новинската агенција ФЕНА.

Илирите биле номадски племиња кои населувале делови од Балканот барем од Железно време до Ранохристијанскиот период. По римското освојување, тие се распрснале на различни страни или биле асимилирани, а до времето кога во областа дошле словенските племиња, во 5-тиот и 6-тиот век, тие веќе целосно исчезнале.

Голем број стручњаци сметаат дека денешните Албанци се нивни потомци, и дека албанскиот јазик -- кој претставува посебна, уникатна гранка на индоевропското јазично семејство -- потекнува од античките Илири. Но, други ја оспоруваат оваа теорија, тврдејќи дека Албанците потекнуваат од античките Тракијци или Дакијци.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар