Новиот нафтовод ќе пренесува руска нафта до Медитеранот

19/03/2007

Грција и Бугарија минатата недела потпишаа историски договор со Москва, за долго време дебатираниот нафтовод, што ги поврзува Бургас и Александрополис. И покрај тоа што истиот ќе го зголеми дотурот на нафта за Европа, некои велат дека проектот, истовремено ќе овозможи и руска контрола над поголем дел од енергетската инфраструктура на континентот.

Од Габриела Преда за Southeast European Times – 19/03/07

photo

Рускиот министер за енергија, Виктор Кристенко (лево), грчкиот министер за развој, Димитрис Суфас (во средината) и бугарскиот министер за регионален развој, Асен Гагаузов, ги здружија рацете во четвртокот (15-ти март) по потпишувањето на договорот за нафтоводот. [Getty Images]

Две земји од Југоисточна Европа официјално станаа привилегирани посредници на Москва на европскиот пазар за транспорт на нафта. Во четвртокот (15-ти март) Бугарија и Русија потпишаа договор со Русија за изградба на нов нафтовод за транспорт на руска нафта до Медитеранот.

Истиот ќе го поврзува бугарското пристаниште на Црното Море Бургас со грчкото пристаниште на Средоземното Море Александрополис, овозможувајќи руската нафта наменета за Запад да го избегне преоптоварениот турски Босфорски теснец.

Рускиот претседател Владимир Путин, бугарскиот премиер Сергеј Станишев и грчкиот премиер Костас Караманлис присуствуваа на церемонијата на потпишување во Атина, со кое се завршија скоро 15-годишните преговори за нафтоводот долг 279 километри. Според регионалните медиуми и експерти, договорот треба да обезбеди поттик за економиите на овие земји.

Но, истовремено, истиот ќе ја зголеми уште повеќе енергетската зависност на Европа од Русија, која веќе обезбедува една третина од европската нафта и 40 отсто од нејзиниот природен гас. Неколку прекини во снабдувањето на нафта од Русија се случија како резултат на судирите околу цената помеѓу Москва и поранешните советски републики, кои служат како транзитни правци.

Изградбата на нафтоводот Бургас-Александрополис треба да започне во 2008 година и ќе чини околу 709 милиони евра. Конзорциум на руските државни претријатија за енергија, Транснефт, Роснефт и Газпром, ќе имаат 51 отсто од акциите на нафтоводот, додека грчките и бугарските претпријатија ќе го поделат остатокот.

Путин рече дека 600.000 барели на ден нафта ќе се полнат од новите локации во Русија и Централна Азија, без да се пренасочува дотурот од другите извозни канали. Сурова нафта, можеби и од Казахстан, ќе биде пренесувана од руското пристаниште Новоросијск за Бургас, и повторно од Александрополис на светските пазари.

Забрзувајќи го транспортот на сурова нафта, нафтоводот се очекува истовремено и да ја намали преоптовареноста на Босфорот и Дарданелскиот теснец. „Со оглед на сé поголемата густина на поморскиот сообраќај во затвореното Црно Море и дополнителните количества нафта извезени од регионот, од голема важност е да й се даде висок приоритет на алтернативата на транспортот на нафта преку нафтоводите“, рече комесарот за енергија на ЕУ, Андрис Пибалгс, изразувајќи загриженост во врска со заканата од поморски инциденти.

Според извештаите на локалните медиуми, Грција смета дека договорот ја стави неа и Бугарија на светската енергетска мапа. „Истиот ќе помогне меѓународните пазари да имаат подобар пристап до нафтата во време кога енергијата претставува фундаментална светска грижа“, рече грчкиот премиер Костас Караманлис.

Со години наназад се користат различни опции за нафтовод, при што производството на нафта се проширува на басенот на Каспиското Море. Претставниците на ЕУ, исто така, разговараа за збогатување на енергетските извори на континентот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading