Политичките превирања се продлабочија откако романскиот премиер ги одложи изборите за ЕП

13/03/2007

Три месеци по пристапот во ЕУ, владејачката политичка коалиција е на работ на пропаста.

Од Ѓелу Трандафир за Southeast European Times во Букурешт – 13/07/03

photo

Премиерот Калин Попеску Таричеану (лево) е во постојан судир со претседателот Трајан Башеску. [Getty Images]

И покрај силното противење на претседателот Трајан Башеску, премиерот од редовите на либералите, Калин Попеску Таричеану, ги одложи изборите за Европскиот парламент за втората половина од оваа година. „Несоодветната домашна политичка клима“ ќе ја попречи сериозната дебата за европските прашања во кампањата за избор на 35 романски пратеници, рече Таричеану, наведувајќи ги обидите на опозицијата за отповикување на претседателот, како и повикот на Башеску за измени на сегашниот систем на гласање.

Повеќето политички аналитичари велат дека вистинската причина е падот на политичката поддршка за либералите и опозициските партии, како што покажаа неодамнешните анкети на јавното мислење. Вклучени во политичка битка со претседателот, овие партии не можеа да се подготват за првичниот датум на изборите за ЕП на 13-ти мај. Веројатниот пораз би можел да има сериозни политички последици како за Таричеану, така и за водачот на опозициската Социјалдемократска партија (ПСД), Мирчеа Џоана.

ПСД го поздрави одложувањето како „рационална одлука“, додека ултранационалистичката Партија за поголема Романија го нарече „одговорен гест“. Но, демократите, коалициските партнери на Таричеану, се спротивставија на овој потег. Тие го обвинија Таричеану дека презема „унилатерална одлука во полза на ПСД“.

Министрите на Демократската партија, Василе Блага (за внатрешни работи) и Моника Маковеи (за правда), одбија да го одобрат итниот чекор на Таричеану. Од нив беше побарано или да го сменат својот став или да ја напуштат владата.

„Зад сцената се формира ново мнозинство“, рече Башеску, обвинувајќи ги либералите за „кршење на демократскиот принцип на откажување од мандатот кога веќе немате мнозинство“.

Поврзани написи

Loading

Владата на Таричеану го загуби своето кревко мнозинство во парламентот минатиот декември, но владејачките партии тогаш не повикаа на предвремени избори. Наместо тоа, се појави нова коалиција, која некои новинари ја нарекуваат „црн правоаголник“. Партијата за поголема Романија, Социјалдемократите и конзервативците велат дека се подготвени да ја поддржат владата на Таричеану ако тој ги избрка министрите на Башеску.

Од средината на јануари оваа хетерогена коалиција се обидува да го отповика претседателот Башеску и да обезбеди оставка на Маковеи. Но, таа има поддршка од комесарот за правда на ЕУ, Франко Фратини, и од народот. На крајот од февруари, околу 1.000 Романци му пркосеа на дождот и студот на антикорупцискиот митинг во Букурешт, покажувајќи солидарност со притиснатата министерка.

Според широкото мислење, Маковеи е главниот архитект на антикорупциското дејствување што го овозможи пристапот на Романија во ЕУ.

Додека поранешните политички сојузници се караат меѓусебно, а поранешните непријатели стануваат другари, романската политичка сцена врие. Само неколку недели по пристапот во ЕУ, расправиите во владата го оневозможуваат континуитетот во реформите и борбата против корупцијата. Сузан Кастнер, заменик-претседателката на германскиот Бундестаг, ја предупреди Романија дека ризикува активирање на заштитната клаузула на ЕУ за правда, ако Маковеи биде отпуштена.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар