23/02/2007
На Босанците во САД и во Босна и Херцеговина (БиХ) тешко им е да поверуваат во злоделото што го изврши еден босански младич во Солт Лејк Сити.
Од Денис Џидиќ за Southeast European Times во Сараево – 23/02/07
![]() Осумнаесетгодишниот Таловиќ, застрела и уби пет лица во еден трговски центар во Солт Лејк Сити, Јута, на 12-ти февруари. [AФП] |
Неодамнешните убиства на пет невини поминувачи во еден трговски центар во Солт Лејк Сити, Јута, од страна на осумнаесетгодишниот Сулејман Тихиќ, ги шокираше Босанците на двете страни од океанот. Заедницата остро го осуди, како што се чини, пукањето на слепо.
На 12-ти февруари, вели полицијата, Таловиќ почнал да пука во трговскиот центар, убивајќи пет лица и ранувајќи четири, пред да биде убиен од страна на полицаец кој не бил на должност.
Претседателот на босанско-американското здружение, Младен Мариќ, стравува дека трагедијата може да има негативни последици по босанската заедница во САД. „Ние немаме поим зошто ова се случи и само времето ќе покаже како оваа трагедија ќе влијае на нашата заедница“, изјави тој за босанските медиуми.
„Ние немаме никакви детали за тоа што се случило, но нашата заедница е многу огорчена околу целата оваа работа“, рече Низдара Печенковиќ, претседателка на Сојузот на босанските студенти во Солт Лејт Сити.
Градоначалникот на Солт Лејк Сити, Роки Андерсон, се обиде да ја смири заедницата. Критикувајќи ги оние кои се нафрлија врз босанските имигранти во блоговите, имејлите и телефонските повици, тој предупреди да не брза со „неоправдани, ужасни заклучоци“ само затоа што се работи за муслиман.
„Гувернерот (Џон) Хантсман се надева дека жителите ќе видат оти ова претставува изолиран случај на една длабоко душевно растроена личност и дека не треба го користат ова за неправедно проценување на целата заедница“, рече Мајкл Мауер, портпаролот на Хантсман.
Тетката на Таловиќ, Ајка Омеровиќ, негира каков било верски мотив за злоделото. „Ние сме муслимани, но не сме терористи.“
Веста за безумното пукање ги шокираше роднините во родното село на Таловиќ во БиХ. Реџо Таловиќ, далечен роднина кој го знаел Сулејман уште од детството, вели дека тој потекнува од „тивко и мирно семејство и не можам да поверувам дека убил некого. Се шокирав кога чув за тоа“.
„Го знам целото семејство Таловиќ. Тешко ми е да поверувам дека синот на Суљо ги убил овие луѓе“, рече Омер Јохиќ, поранешен сосед.
Суљо Таловиќ, таткото на напаѓачот, даде изјава за американските медиуми. „Ова е многу болно. Имам болка за мојот син. Имам болка за сите убиени и повредени луѓе. Жал ми е за сите.“
Телото на Сулејман Таловиќ подоцна овој месец ќе биде вратено во БиХ, каде што ќе биде погребано.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's