Пратениците на ЕУ поделени околу нацрт-извештајот за Косово

20/02/2007

Нацрт-извештајот на Европскиот парламент за иднината на Косово, во кој се споменува зборот „независност“ се очекува да предизвика дебата помеѓу пратениците на ЕУ следниот месец.

(Гардијан, Блиц - 20/02/07; ЕУобсервер, Европски парламент, АП, Ројтерс, ДПА, Бета, Б92 - 19/02/07)

photo

Во извештајот што го подготви холандскиот европарламентарец Јост Лагендијк, се вели дека Европскиот парламент „го поддржува ставот оти Косово треба да добие независност и дека неговата сувереност треба, во одреден временски период, да биде ограничена со меѓународно присуство“. [Getty Images]

Употребата на зборот „независност“ во нацрт-извештајот за иднината на Косово се очекува да стане предмет на несогласување помеѓу членовите на Европскиот парламент (ЕП) следниот месец.

ЕП „го поддржува ставот дека Косово треба да добие независност и дека неговата сувереност треба, во одреден временски период, да биде ограничена со меѓународно присуство“, се вели во извештајот, кој го подготви холандскиот европратеник Јост Лагендијк од Групата на зелените во парламентот.

Но, според извештаите од понеделникот (19-ти февруари) голем број европратеници се противат на тоа ЕП да оди еден чекор понатаму од она што специјалниот претставник на ОН, Марти Ахтисари, го припиша во својот предлог за решение на прашањето на статусот на Косово. Планот на Ахтисари предвидува меѓународно надгледувана самоуправа за покраината, која сé уште законски е дел од Србија. Во него не се споменува зборот независност.

Во извештајот на Лагендијк се вели дека независноста е „единственото одржливо решение“ за Косово, со оглед на тоа што таа ќе му даде пристап до меѓународните финансиски институции и ќе му дозволи да напредува на својот пат кон европската интеграција. Истовремено, „потребен е ограничен суверенитет под меѓународен мониторинг со цел да се одржи мултиетничкиот карактер на Косово и да се зачуваат интересите и безбедноста на српското население и другите етнички малцинства“, се вели во извештајот.

Со оглед на мешаните реакции за овој извештај, холандскиот пратеник посочи дека е подготвен да го преформулира, за да ја добие потребната поддршка.

Според него, единствената разлика помеѓу неговиот извештај и предлогот на Ахтисари е дека претставникот на ОН „не го нарекува независност, додека јас го правам тоа“, рече Лагендијк.

Комисијата за надворешни работи на ЕП ќе гласа за извештајот на Лагендијк на 13-ти март. Консултациите со претставниците на Белград и Приштина за предлогот на Ахтисари започнуваат во Виена оваа недела -- односно во среда -- и ќе траат до 2-ри март. Осум дена подоцна ќе се одржи состанок на високо ниво во австрискиот главен град за финализирање на предлогот на Ахтисари и негово поднесување до Советот за безбедност на ОН пред крајот на март.

Поврзани написи

Loading

Сепак, разговорите во Виена не се очекува да произведат договор помеѓу српските претставници и претставниците на косовските Албанци, со оглед на тоа што и едните и другите планираат да останат на своите позиции.

Косовските Албанци, кои сочинуваат 90 отсто од населението на покраината од вкупно два милиони луѓе, бараат целосна независност од Србија. Белград жестоко се спротивставува на независноста на Косово и отворено го отфрла предлогот на Ахтисари.

Признавајќи ја „малата веројатност“ разговорите во Виена да резултираат со компромис, заменикот на Ахтисари, Алберт Рохан, рече дека „нема реална алтернатива на предлогот на ОН“.

„Србија не губи ништо со планот на Ахтисари бидејќи Косово не е под управа на Србија уште од 1999 година“, се цитира неговата изјава за австрискиот весник „Куриер“. „Ние сакаме да создадеме услови во кои народот во Косово ќе живее безбедно и нормално. Ако косовските Срби ги разгледаат нашите предлози без предрасуди, тие нема да најдат причина да го отфрлат.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар