24/01/2007
Парламентот ги назначува судиите во Црна Гора, додека владата го определува нивниот буџет и има улога дури и во обезбедувањето на станови за нив. Критичарите во и надвор од земјата велат дека се потребни големи реформи за да се осигури независноста на судството и истото да се усогласи со стандардите на ЕУ.
Од Недељко Нудовиќ за Southeast European Times во Подгорица -- 24/01/07
![]() Државната обвинителка Весна Меденица вели дека судските одложувања доведуваат до прекинување на случаите. [Архива] |
Министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделникот (22-ри јануари) ја повикаа Црна Гора да го реформира своето судство и да се бори против корупцијата. Нивниот повик доаѓа во време на критики од страна на црногорските државни обвинители, кои велат дека судовите се неефикасни и неспособни да држат чекор со бројот на случаите.
„Поради одложувањата во судовите, процесите честопати се затвораат како резултат на истекувањето на законските рокови, додека пресудите честопати ги отфрлаат обвинувањата без потребното разгледување“, вели државната обвинителка Весна Меденица во извештајот од 2005 година. Според нејзе, околу 46,6 отсто од судските процеси немаат завршница.
„Бројот на незавршени судски процеси ја потврдува несоодветноста на нашите судови, од што последицата е неефикасната борба против криминалот и поткопаната правна сигурност на граѓаните“, вели Меденица во извештајот.
Опозициските политичари долго време обвинуваат дека судиите во земјата ги контролираат владејачките структури, особено поради тоа што нивното назначување зависи од парламентарното мнозинство.
Претставниците на судството признаваат дека тоа е точно. Тие тврдат дека надлежноста за наименување на судиите треба да му биде одземена на парламентот и да му се даде на новоформираниот Судски совет.
Помеѓу другите фактори кои ја поткопуваат судската независност се и недостатокот од одделен буџети и улогата на владата во обезбедувањето на станови за судиите.
Во својот годишен извештај за напредокот, објавен на почетокот од ноември, Европската комисија (ЕК) вели дека корупцијата и понатаму е раширен проблем во Црна Гора.
„Целокупната законска и административна рамка содржи дупки кои овозможуваат коруптивни активности и го ограничуваат капацитетот на државата за ефикасна борба против корупцијата“, се вели во истиот.
Поздравувајќи ги чекорите на Црна Гора за подобрување на обуката на судиите, ЕК ја истакна потребата од деполитизирање на процесот на назначување. Назначувањата и унапредувањата треба да се засноваат на „професионални и објективни критериуми“, а не на политички критериуми“, вели ЕК.
Претседателот на црногорскиот Врховен суд, Ранко Вукоти, се согласува со препораките на ЕК. „Сегашниот устав и експертскиот нацрт на новиот врховен правен документ на Црна Гора, не предвидуваат спроведување на меѓународните стандарди во независноста и автономноста од судската власт“, вели Вукоти.
„Се надевам дека новиот устав не овозможи најдобрите правници да станат судии, спречувајќи го одливот на најдобриот правен кадар во адвокатурата и другите профитабилни професии“, додава тој.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's