Конечно постигна договор за владата на БиХ

11/01/2007

Никола Шпириќ, професор по финансии од Бања Лука, е новиот премиер на БиХ, според договорот постигнат помеѓу партиите кои победија на последните општи избори.

Од Антонио Прленда за Southeast European Times во Сараево – 11/01/07

photo

Членовите на претседателството на БиХ -- Харис Силајџиќ (лево), Жељко Комшиќ (втор од лево) и Небојша Радмановиќ (втор од десно) -- му честитаат на мандаторот Никола Шпириќ. [Getty Images]

Три месеци по општите избори во Босна и Херцеговина (БиХ), победничките политички партии конечно се согласија за етничкиот состав на новата државна влада и парламентарното собрание.

На седницата што се одржа на 3-ти јануари на новото трипартитно претседателство на БиХ, со која претседаваше неговиот претседател, Небојша Радмановиќ, партиите се согласија нов премиер на БиХ да биде босанскиот Србин Никола Шпириќ (50), професор по финансии и поранешен член на парламентот од партијата СНСД.

Шпириќ беше претседател на Министерскиот совет на БиХ. Претставниците на босанските Срби ќе имаат уште две други министерски места (надворешна трговија и цивилни прашања). Новата влада ќе има четири бошњачки министри (надворешни работи, безбедност, одбрана и човекови права и бегалци) и тројца хрватски министри(комуникации и транспорт, правда и финансии).

Претседател на Претставничкиот дом во Парламентарното собрание на БиХ ќе биде Бериз Белкиќ, Бошњак од СБиХ, додека негови заменици ќе бидат Нико Лозанчиќ од НДЗБиХ и Милорад Живковиќ од СНСД.

Седум партии -- СДА, Партијата за БиХ (СБиХ), СНСД, ПДП, ХДЗБиХ, ХДЗ 1990 и НС за подобрување -- исто така се согласија со целокупната стратегија. Клучните цели вклучуваат реформа на уставот, зголемување на инвестициите и исполнување на предусловите за потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ, како и предусловите за влез во НАТО.

Брисел ги идентификуваше реформата на полицискиот и радиодифузниот систем, соработката со Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, подобрувањето на јавната администрација и образованието, како и пообемната борба против корупцијата, како услови за ССА.

Поврзани написи

Loading

„Сигурен сум дека ќе сторам сé за подобрување на животот на нашите граѓани секој ден“, рече Шпириќ по неговото назначување. Тој рече дека очекува Министерскиот совет на БиХ целосно да функционира не подоцна од првата недела на февруари.

Високиот претставник и специјален претставник на ЕУ, Кристијан Шварц-Шилинг, го поздрави договорот на седумте партии. Тој изрази задоволство од плановите на владата да ги концентрира своите напори на ССА и изгледите за евроатланска интеграција.

Сепак, Нерзук Чурак, политички аналитичар и професор на Универзитетот во Сараево, истакнува дека партиите имаат спротивставени ставови во врска со големите прашања. СБиХ и СНСД имаат различни погледи во однос на уставот на БиХ. СБиХ остро се спротивставува на долготрајното постоење на Република Српска, додека за СНСД ова прашање не е отворено за преговори.

„Фактот што СБиХ му даде толку многу гласови на Шпириќ како премиер може да значи само две работи“, рече Чурак. „Или водачот на СБиХ, Силајџиќ, не е компетентен, или има таен договор ставовите на двете партии да бидат омекнати во иднина.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар