Растат шпекулациите за предлогот на Ахтисари за статусот на Косово

09/01/2007

Од канцеларијата на меѓународниот претставник Марти Ахтисари велат дека неговиот предлог за иднината на Косово ќе биде готов до 21-ви јануари, датумот на изборите во Србија.

Од Блерта Фониќи-Кабаши за Southeast European Times во Приштина – 09/01/07

photo

Многумина во Приштина и Белград се нестрпливи да дознаат каков ќе биде предлогот на меѓународниот претставник Марти Ахтисари за Косово. [Getty Images]

Минатата недела портпаролот на Марти Ахтисари потврди дека долго очекуваниот план на меѓународниот претставник за идниот статус на Косово ќе биде претставен по парламентарните избори во Србија на 21-ви јануари.

„Тој се наоѓа во крајните фази“, рече во четвртокот (4-ти јануари) Реми Дурло. „Планот сеуште не е финализиран, но ќе биде готов до 21-ви јануари, а ќе биде претставен по овој датум“. Се очекува Ахтисари да ги запознае членовите на Меѓународната контак група пред да им го открие својот план на Белград и Приштина.

Косовскиот премиер Агим Чеку рече дека е убеден дека Ахтисари ќе ги сумира своите крајни предлози за покраината и дека ќе му ги претстави истите на Советот за безбедност на ОН на крајот од февруари или почетокот на март. Во меѓувреме, продолжуваат шпекулациите за тоа што всушност ќе предложи Ахтисари.

Уредниците на австрискиот весник Дие Пресе, Вајленд Шнајдер и Норберт Риф, напишаа во четврточното издание дека очекуваат Ахтисари да предложи еден вид на „контролирана независност“ за Косово.

„Убедени сме дека пакетот на Ахтисари нема да не изненади“, рече заменик-шефот на УНМИК Стивен Шук по средбата со Чеку минатата недела. „Меѓутоа, откако ќе биде претставен, ние ќе го анализираме пакетот, а потоа преговарачкиот тим на Косово ќе ги соопшти своите ставови за него“.

Поврзани написи

Loading

Србија, која е против независност на Косово и наместо тоа се залага за „значителна автономија“, веќе предупреди дека ќе биде против било каков предлог кој не гарантира неприкосновеност на нејзините граници. „Ако Ахтисари „направи договор со албанските сепаратисти, српската влада ќе го отфрли како невалиден“, рече министерот за локална самоуправа Зоран Лочар.

За викендот, српскиот претседател Борис Тадиќ побара од Ахтисари да го одложи соопштувањето на неговиот предлог се додека не биде формирана нова влада во Белград. Тој рече дека неповолниот предлог може да ги загрози преговорите за коалиција во Србија.

Амбасадорот на Русија во Советот за безбедност на ОН, Витали Чуркин, рече во прес конференција минатата недела дека Косово нема да биде на агендата на Советот за безбедност за овој месец. „Ние Русите сметаме дека мора да им биде дадена шанса на двете страни да го продолжат дијалогот“, рече Чуркин. „Би било крајно опасно да се наметне нешто“.

Сепак, тој како да потврди дека предлогот на Ахтисари ќе биде поставен на маса наскоро. „Постои идеја дека Ахтсари ќе го претстави својот предлог за Косово веднаш по изборите во Србија“, рече тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар